Работилница за спецификација на документи за вежбата „Одлучен удар“

Во период од 04 до 08.06.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Работилница за спецификација за вежбата „Одлучен удар“, како прва од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира  наредната година во месеците јуни и јули на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“, како дел од вежбата на…

Обука „Исхрана во природа со пребазирање“ во 1.мпбр

На почетокот на јуни, согласно годишниот план за обука за 2018 година, на терените на Осоговските планини и Плачковица, припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада (1. и 2. механизиран пешадиски баталјон, командна чета и инженериски баталјон), со менување на локации реализираа обука „исхрана во природа“. Целта на оваа подвижно…

Месечно реферирање на командите и единиците во ЗОК

Во воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализира реферирање на потчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец мај 2018 година. Командантите на потчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите, задачите, активностите, обуката и останатите сегменти…

Одбележани 17 години од загинувањето на припадници на безбедносните сили во Тетовско

Во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата пред командата на гарнизонот Тетово се одбележаа седумнаесет години од загинувањето во конфликтот во 2001 година на припадници на безбедносните сили од гарнизонот Тетово. Припадниците на АРМ вработени во гарнизонот Тетово, достојно оддадоа почит кон ликот и делото на загинатите,…

Одбележување на Денот на тенковскиот баталјон

Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец со воена свеченост беше одбележан „2.Јуни-Денот на тенковскиот баталјон“. На свеченоста, покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, присуствуваа и претставници од Генералштабот на АРМ (ГШ на АРМ), Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр, претставници…

Асоцијација на одбранбени аташеи акредитирани за Република Македонија во посета на артилерискиот баталјон

Согласно Програмата за соработка на Асоцијација на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани за Република Македонија за 2018 година, на ден 31.05.2018 година беше реализирана посета на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Одбранбените аташеи преку видео презентација беа запознаени со мисијата, составот, пополната и опременоста на 1.мпбр и артб. Во рамките на…

Свечено примопредавање на должноста Командант на баталјонот на Воена полиција

На денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, со примопредавање на военото знаме на единицата, официјално се изврши примопредавање на должноста „Командант на баталјонот на Воена полиција“. Должноста командант на баталјонот на Воена полиција од потполковник Васко Коколански, ја прими потполковник Кире Николовски, досегашен Заменик командант и началник на штаб на баталјонот на Воена полиција.…

Одбележување на помен во баталјонот за врски

Во касарната „Илинден“, пред спомен собата во баталјонот за врски, со положувањето на свежо цвеќе се одбележаа 17 години од трагичното загинување на капетанот Зоран Бубевски. Во говорот пред присутните командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, храброста и несебичност во извршување на поставените задачи во неговата воена кариера за што…

Курс за медицинска деконтаминација и улогата на медицинските сестри во „Role 2 MTF FAM“

Во периодот од 21 до 23.5.2018 година, во Регионалниот центар за медицинска обука, кој е дел од Воениот медицински центар (ВМЦ), се одржа обука за „Medical Decontamination“ и „Nurse Corps roles in Role 2 MTF FAM“, под покровителство на армијата на САД. На обуката учествуваа дванаесет медицински лица, инструктори од ВМЦ од бригадата за Логистичка…