Обука во летни услови

Согласно Годишниот план за обука на 1.мпбр и баталјонот на Воена Полиција за 2018 година, во месец јули, во центарот за обука на вода „Радожда“ на бреговите на Охридското езеро, припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада и водот воена полиција, реализираа обука во летни услови. Целта на обуката беше…

Логистичка поддршка за реализирање на „12-та Извидничка смотра“ во с. Скребатно, Охрид

Во период од 14 до 22.07.2018 година во с. Скребатно, Охридско, припадниците од потчинетите единици на Здружената оперативна команда реализираа логистичка поддршка на „12-та Извидничка смотра“ на која учествуваа 1200 извидници од 17 држави од Европа и САД. На ден 15.07.2018 година свечено беше отворена „12-та Извидничка смотра” од страна на Покровителот на смотрата –…

Уништување на минско експлозивни средства на армискиот полигон „Криволак“

По повод 9 Јули, светскиот ден на уништување на оружје и муниција, на армискиот полигон (АП) „Криволак“ беше извршено уништување на минско експлозивни средства (МЕС). Уништувањето на МЕС беше реализирано од страна на тимот за уништување на МЕС, од составот на Армијата на Република Македонија. Активноста беше во организација на Генералштабот на АРМ, во координација…

Шестмесечното реферирање на борбената готовност на единиците во Здружената оперативна команда

На 4 јули 2018 година во објектот Лисец се одржа шестомесечното реферирање за борбената готовност на Здружената оперативна команда (ЗОК) за 2018 година. Реферирањето е редовна планска активност кој е дел од Годишниот план за работа на ЗОК и на потчинетите единици, а се одржува во месец јули. За достигнатиот степен во изградбата на борбената…

Меѓународни активности на припадници од инженерискиот баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада

Во текот на месец јуни, припадниците на инженерискиот баталјон учествуваа во повеќе меѓународни активности. Осум припадници од баталјонот, во период од 24.5 до 15.6, учествуваа на меѓународната вежба „Saber Strike 18“ која се реализираше во Република Полска, кои беа во составот на 15.инженериски баталјон на Армијата на САД во Европа. За време на вежбата инженерците…

Одбележување на патронатот на касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево

Денес 29.06.2018 година, припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, чие име го носи касарната во Кичево. За време на одбележувањето на патронатот на касарната повеќе делегации од Армијата на Република Македонија и општествениот живот на градот Кичево положија…

Запознавање со активностите и состојбата во единиците од страна на инспекциски тим на специфицирана област според „Виенскиот документ 2011“

Во период од 25.06 до 27.06.2018 година инспекторски тим од вооружените сили на Кралството Шпанија и по еден претставник од Република Словенија и Војводството Луксембург, набргу по минатонеделната посета остварија работна посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и првопотчинетите единици (ппе). На инспекцискиот тим, кој претходно изврши обиколка и на командата за обука и доктрини…

Информирања од страна на Командантот на ЗОК

Врз основа на Планот за работа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Павле Арсоски, во месец Јули 2018 година изврши информирање на персоналот од првопотчинетите единици на ЗОК. Информирањето е планска активност со цел да се запознае персоналот со актуелните појави и настани и приоритетите на ЗОК во тековната година. На самиот почеток,…

Обука во летни услови на припадниците од СТХ и водот за специјални намени

Припадниците од сквадронот на транспортни хеликоптери (СТХ) и водот за специјални намени (ВСН) од составот на воздухопловната бригада (вбр) во период од 19 – 22.06.2018 година реализираа обука во летни услови на брегот на Охридското Езеро (Езерица). Обуката се реализира согласно годишниот план за обука и пребазирање на единицата. Основната цел на обуката е оспособување…