Испраќање на штабните офицери во мировната операција „Одлучна поддршка“

Командантот на Здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери кои заминуваат во Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С) во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан. За време на средбата, генералот Арсоски им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што би го…

Одбележување на Денот на 1. механизиран пешадиски баталјон

Денес, со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) од составот на 1.мпбр го одбележаа денот на единицата „26-ти февруари“ – денот кога во 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, беше формирана 3-та МНОУБр (Македонско Народно Ослободителна Ударна Бригада). На свеченоста присуствуваа, началникот на штаб во ЗОК,…

Одбележување на патронатот на касарната во Тетово

Денес во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.мпбр го одбележаа 25-ти февруари, патрониот празник на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“. На одбележувањето присуствуваа заменикот на командантот на 1.мпбр, дел од штабот на 1.мпбр, претставници на Сојузот на борци од градот Тетово, локалната самоуправа, политичките…

Состанок со главните и првите подофицери во командите и единиците на ЗОК

Во Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа состанок на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски со главните и првите подофицери во потчинетите команди и единици на ЗОК. Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски го отвори состанокот и во воведниот збор ја истакна улогата и значењето на подофицерскиот кор во АРМ, за што говори и неговата…

Национална работилница за вежбата „Одлучен удар“

Во ЦО „Пепелиште“ од 18 до 22.02.2019 година се реализираше националната работилница за вежбата „Одлучен удар“ на која учествуваа претставници од раководството на вежбата кои го реализираат планирачкиот процес. На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски, го акцентираше значењето на вежбата и даде насоки за работа на раководството. За време на…

Примопредавање на должноста командант на баталјон ПВО

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ – Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр). Должноста командант на бПВО од потполковник Трајче Денчевски ја прими потполковник Зоран Цикарски, кој до сега ја извршуваше должноста Началник на А-9 секцијата во вбр. На свеченоста…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на ЦСТ

Денес во касарната „Илинден” – Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за снабдување и транспорт (ЦСТ) помеѓу потполковник Никола Ангелов како предавач и потполковник Томе Јовевски како примач на должноста, во присуство на командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми, командантите на ППЕ на брЛП и други гости. Во говорот…

Обука на тема „Упатство за планирање и организација на КИС“

Во период од 11 до 15.02.2019 година, на ЦО „Пепелиште“ согласно Календарот за обука и Годишниот план за работа на ЗОК, се реализираше обука на тема „Упатство за планирање и организација на Комуникациски и информациски системи (КИС). Активноста ја водеше началникот на Ј-6/ЗОК, и на истата учество зедоа началниците на Г/А/С-6 до ниво на баталјон…

Работен состанок со канцеларијата за соработка во одбраната на САД

Во Здружена оперативна команда (ЗОК) командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски одржа работен состанок со шефот на канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД, потполковник Кристофер Мичел, претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија, Генералштабот на Армијата на Република Македонија и командантот на Полкот за специјални операции. На состанокот, беше разговарано за…