Обиколка на единиците ангажирани на јужната граница

Врз основа на Планот за работа на Здружената оперативна команда (ЗОК), тим од командата на ЗОК, предводен од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, изврши обиколка на делот од јужната граница, каде се распоредени единиците ангажирани во поддршка на силите на Министерството за внатрешни работи (МВР) за справување со мигрантската криза. Обиколката е планска активност…

НГШ на АРМ во обиколка на бригадата за Логистичка Поддршка и Воениот Медицинскиот Центар

Началникот на Генералштабот на АРМ (НГШ на АРМ), генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во придружба на ЗНГШ генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на ЗОК генерал-мајор Павле Арсоски, реализира информирање на персоналот, бригадата за Логистичка Поддршка и Воениот Медицински Центар, како и од секцијата Ј4/ГШ на АРМ. Обиколката на командите и единиците како планска активност е со цел…

Примопредавање на должноста Заменик на командантот на 1.мпбр

Во командата на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во присуство на командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, началниците на секциите од штабот на бригадата и командантите на потчинетите единици во 1.мпбр, се изврши примопредавање на должноста заменик на командантот на 1.мпбр. Од досегашниот заменик на командант на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски, должноста ја прими…

Месечно реферирање пред Kомандантот на ЗОК и командантско извидување

Реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец август 2018 година се реализира во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово на кое командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, за реализацијата на плановите и задачите во изминатиот месец како…

Посета на началникот на Генералштабот на АРМ на единиците стационирани во касарната „Боро Менков“ во Куманово

Врз основа на планот за работа на ГШ на АРМ, во касарната „Боро Менков“ во Куманово се изврши информирање на целокупниот персонал од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. Посетата е планска активност со цел да се запознае персоналот со актуелните појави и настани и приоритетите на АРМ во тековната година.…

Министерката за одбрана во посета на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, придружувана од командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски и заменик командантот на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски ја посети касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Од страна на командантот на касарната, потполковник Ивица Цветковски, министерката Шекеринска преку видео презентација беше запознаена со историјата, мисијата, организациско формациската структура и главната…

Прием на штабните старешини кои заминуваат во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на штабен персонал во командата за обука и советување-Север, во Авганистан. Од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски се потенцираше дека од овој состав се очекува успешно претставување и беспрекорно извршување на задачите, кое АРМ го…

Инспекција согласно одредбите на „Виенски документ 2011“

Во текот на 29 и 30 август во Здружената Оперативна Команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Командата на Резервни сили престојува четиричлен инспекциски тим во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот тим е составен од припадници на Вооружените Сили…