Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на бригадата за Логистичка Поддршка

Денес пред објектот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) со воена свеченост се реализира примопредавање на должноста командант на брЛП, помеѓу полковник Цветко Јаневски и полковник Мухарем Мухареми. На свеченоста присуствуваа началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана, г-дин Беким Максути, заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин,…

Колективна обука со клучниот персонал од артилериските единици во 1.мпбр и ПСО

Во период од 11 до 14.02.2019 година, во просториите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и на АП ,,Криволак“, согласно Годишниот план за работа на 1.мпбр, се реализираше четиридневен семинар за размена на искуства од областа на артилеријата. Во текот на семинарот, офицери и подофицери од артилерискиот баталјон и артилериските батерии од…

Реализирање на обука во зимски услови на припадници на баталјонот на Воена Полиција

Припадниците на баталјонот на Воена Полиција, во неколку групи во периодот 21.01-15.02.2019 година, согласно годишниот план за обука за 2019 година, на терените за обука на локации во гарнизон Кичево, реализираат специфична обука во зимски услови. Обуката е дел од редовните вежбовни активности соодветна за зимскиот период и има за цел припадниците на баталјонот на…

Обука во зимски услови на припадниците од 1.мпбр

Од почетокот на втората половина на јануари и првата половина на февруари оваа година, согласно годишните планови за обука на потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), припадниците од оклопно извидувачките водови од пешадиските баталјони, извидувачките одделенија од инженерискиот и артилерискиот баталјон, како и извидувачкиот вод од командната чета, на терените за обука во зимски…

Регионална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје од 04. до 08.02.2019 година се реализира третата регионална работилница за мултинационалната вежба „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 19 партнер земји и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол. При отворањето на регионалната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците…

Посета на Здружената оперативна команда од страна на претставници на земјите учесници на вежбата „REGEX-19“

Претставниците на земјите учесници на вежбата „REGEX-19“ денес реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и истите беа примени од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски. Врз основа на годишниот план за вежби на АРМ и ЗОК, во тек е реализација на Иницијалната планирачка конференција (ИПК), за вежбата „REGEX-19“ во хотелот „Holiday Inn“…

Месечно реферирање на командантите на првопотчинетите единици пред командантот на Здружената оперативна команда

Во касарната „Илинден“ во Скопје, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК), за статусот на борбената готовност за месец јануари 2019 година. Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите и задачите и активностите, обуката и останатите сегменти од…

Биометрија и обработка на место на настан во баталјонот на Воена полиција

Во периодот 21-25.01.2019 година, припадници на баталјонот на Воена полиција во соработка со припадници од Воената полиција од САД, во касарната „Илинден“ во Скопје, реализираа обука на тема „Биометрија и обработка на место на настан“. Обуката беше реализирана од страна на припадници на Воената полиција на САД, а слушатели на истата, покрај припадниците на баталјонот…

Национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Од 21 до 25.01.2019 година, во Кампот за обука „Пепелиште“, како дел од планирачкиот процес се реализира националната работилница за вежбата „REGEX 19“, планирана за реализација  во период од 14.10 до 18.10.2019 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес. На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата полковник  Звонко Мајсторски го истакна значењето…