Работен состанок со канцеларијата за соработка во одбраната на САД

Во Здружена оперативна команда (ЗОК) командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски одржа работен состанок со шефот на канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД, потполковник Кристофер Мичел, претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија, Генералштабот на Армијата на Република Македонија и командантот на Полкот за специјални операции. На состанокот, беше разговарано за…

Примопредавање на должност командант на 4.механизиран пешадиски баталјон

Денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на 4.мпб од потполковник Боро Латкоски ја прими потполковник Горан Трајаноски, кој досега ја извршуваше должноста командант на 2.логистички баталјон во гарнизонот Кичево. На…

Примопредавање на должност командант на 2. логистички баталјон

Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 2. логистички баталјон ( 2 логб). Должноста командант на 2.логб од потполковник Горан Трајаноски ја прими потполковник Зоранче Ристевски кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во 2. логб во гарнизонот Кичево. На свеченоста присуствуваа командантот на…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на бригадата за Логистичка Поддршка

Денес пред објектот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) со воена свеченост се реализира примопредавање на должноста командант на брЛП, помеѓу полковник Цветко Јаневски и полковник Мухарем Мухареми. На свеченоста присуствуваа началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана, г-дин Беким Максути, заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин,…

Колективна обука со клучниот персонал од артилериските единици во 1.мпбр и ПСО

Во период од 11 до 14.02.2019 година, во просториите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и на АП ,,Криволак“, согласно Годишниот план за работа на 1.мпбр, се реализираше четиридневен семинар за размена на искуства од областа на артилеријата. Во текот на семинарот, офицери и подофицери од артилерискиот баталјон и артилериските батерии од…

Реализирање на обука во зимски услови на припадници на баталјонот на Воена Полиција

Припадниците на баталјонот на Воена Полиција, во неколку групи во периодот 21.01-15.02.2019 година, согласно годишниот план за обука за 2019 година, на терените за обука на локации во гарнизон Кичево, реализираат специфична обука во зимски услови. Обуката е дел од редовните вежбовни активности соодветна за зимскиот период и има за цел припадниците на баталјонот на…

Обука во зимски услови на припадниците од 1.мпбр

Од почетокот на втората половина на јануари и првата половина на февруари оваа година, согласно годишните планови за обука на потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), припадниците од оклопно извидувачките водови од пешадиските баталјони, извидувачките одделенија од инженерискиот и артилерискиот баталјон, како и извидувачкиот вод од командната чета, на терените за обука во зимски…

Регионална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје од 04. до 08.02.2019 година се реализира третата регионална работилница за мултинационалната вежба „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 19 партнер земји и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол. При отворањето на регионалната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците…

Посета на Здружената оперативна команда од страна на претставници на земјите учесници на вежбата „REGEX-19“

Претставниците на земјите учесници на вежбата „REGEX-19“ денес реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и истите беа примени од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски. Врз основа на годишниот план за вежби на АРМ и ЗОК, во тек е реализација на Иницијалната планирачка конференција (ИПК), за вежбата „REGEX-19“ во хотелот „Holiday Inn“…