Главна планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-14“

Во период од 7 до 11.05.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок-14“, како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира на средина на месец октомври на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“. По воведниот и поздравниот збор од…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок – 14 “

Во период од 26.2. до 2.3.2018 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата  „Македонски Блесок – 14“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003. За време на…

Работилница за изработка на планот за вежбата „Македонски Блесок – 14“ (EXPLAN)

Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 22 до 26 јануари 2018 година се одржува работилница за изработка на планот за претстојната вежба „Македонски Блесок 14“ (МБ–14). Оваа работилница претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок–14“ на која ќе се реализира НАТО ре-оценување Ниво 2 на декларираната чета на воена…

Заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета

Денес, 6 октомври 2017 година, заврши НАТО реоценување на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година. Во изминатиот период спбг и рч се оценуваа според главната листа на настани и инциденти меѓу кои како…

Завршна фаза од оценувањето на средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета

Денес, 5 октомври 2017 година, реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) влезе во завршна фаза. Средната пешадиска баталјонска група изведуваше офанзивни дејства во текот на целиот ден, при што на терен беше демонстрирана обученоста на персоналот и борбената моќ на единицата. Со што се заокружи…

На третиот ден од вежбата МБ – 13 демонстрација на борбената готовност на декларираните единици на АРМ

Денес, 04 октомври 2017 година, продолжи реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) на армискиот полигон (АП) „Криволак“. Денот започна со справување со демонстранти и контрола на толпа од страна на припадниците на спбг, и продолжи со обезбедување на база, кордон и пребарување и други настани…

Оценување на средна пешадиска баталјонска група и ренџерска чета на вежбата „Македонски Блесок 13“

Денес, 3 октомври 2017 година, во раните утрински часови ренџерската чета (рч) успешно изврши марш од касарната „Илинден“ во Скопје до армискиот полигон (АП) „Криволак“, каде во фиктивниот реон на операции, треба да го имплементира планираниот систем за непрекинато ажурирање на тековната оперативна слика и на тој начин обезбеди насочување на маневарскиот елемент кон правилна…

Започна оценувањето во мирновремените локации на декларираните единици на АРМ

Со денешната проверка на елементите кои подлежат на оценување во мирновремените локации на декларираните единици на АРМ од состав на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и ренџерска чета (рч) во гарнизоните: Скопје, Петровец, Прилеп, Штип и Куманово, започнаа активностите на теренската вежба „Македонски Блесок-13“. Во склоп на вежбата во период до 06 октомври, ќе се…

Ден за посетители на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“

Во рамките на меѓународната воена вежба „Здружена Реакција-17“, денес на армискиот полигон „Криволак“ беше реализирана програма за Денот за посетители на која присуствуваа: командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески, воените аташеи акредитирани во Република Македонија, претставници на канцеларијата за врски на НАТО и други гости. Пред посетителите, учесниците на вежбата „Здружена Реакција-17“…