Билатерална вежба „Предизвик 18“

Во период од 28.09. до 07.10.2018 година на армискиот полигон (АП) „Криволак“, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ и кампот за обука „Пепелиште“ ќе се реализира билатералната вежба „Предизвик 18“. Вежбата „Предизвик 2018“ е осма по ред од ваков вид, која на АП „Криволак“ заедно ја изведуваат припадници на АРМ и припадници на вооружените сили на…

Работилница за вежбата „Регекс 19“

Со отворањето на работилницата во хотел „Холидеj Ин“ и приемот на бригадниот генерал Рејнхард Клос кај заменикот на началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин започна планирачкиот процес за вежбата „Регекс 19“ во организација на НАТО. На отворањето на работилницата се обратија бригадниот генерал Рејнхард Клос, началник на Ј9 во Здружената команда на НАТО…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike)

Во период од 15 до 19.09.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, како и на ВА „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, се одржа иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike). Вежбата е дел од поширокиот контекст на вежби на Црноморскиот и Балканскиот регион, предводени од Армијата на САД во Европа. Оваа…

Финална планирачка конференција за вежбата „Македонски блесок 14“

Во период од 10. до 14.09.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа финалната планирачка конференција (ФПК) за вежбата „Македонски блесок 14“, како последна од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира во време од 15 до 20.10.2018 година на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“. На почетокот од…

Работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок – 14“

Во период од 18. до 22.06.2018 година, во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, беше реализирана работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок-14“. Активностите од оваа работилница се предуслов за обезбедување на потребните документи за успешен старт на вежбата, на која треба да се изврши НАТО преоценување ниво 2 на декларираната чета на…

Работилница за спецификација на документи за вежбата „Одлучен удар“

Во период од 04 до 08.06.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Работилница за спецификација за вежбата „Одлучен удар“, како прва од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира  наредната година во месеците јуни и јули на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“, како дел од вежбата на…

Завршување на вежбата помеѓу македонските и бугарските сили за специјални операции ЈСЕТ 2018

На ден 18.05.2018 година на македонско – бугарската државна граница, во близина на с. Логодаж, Благоевград, се одржа ден за високи гости на вежбата помеѓу македонските и бугарските сили за специјални операции, ЈСЕТ 2018. Денот за високи гости претставуваше завршница на двонеделната вежба која придонесе за успешно унапредување на синхронизацијата и координацијата на способностите за…

Армиските специјалци учествуваа на меѓународната вежба „Combined Resolve X“

Во периодот од 29.4 до 9.5.2018 година на полигоните на Графенвер и Хохенфелс во Р. Германија припадниците на баталјонот за Специјални Намени учествуваа на меѓународната вежба „Combined Resolve X“. Непосредните подготовки за реализацијата на вежбата започнаа на стрелиштата во Графенвер каде припадниците на баталјонот заедно со нивните колеги од специјалните единици на Соединетите Американски Држави…

Припадниците на АРМ го завршија учеството на меѓународната вежба „ЕФЕС-18“

Со вчерашните активности на денот за истакнати гости, на кој присуствуваше и заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај заврши учеството на припадниците на АРМ во состав од еден вод од првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада, на меѓународната вежба „ЕФЕС-18“ кој се изведуваше во реонот на Измир,…