На денот за високи гости на „Македонски блесок-10“ покажана врвна обученост на декларираните единици

Денес, 11-ти април (петок), во рамките на воената вежба „Македонски Блесок-10” на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ беше реализирана програма за Денот за високи гости на која присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, Директорот на…

Продолжи оценувањето на СПБГ и ЛМБ

Денес, 10 април 2014 година (четврток) продолжи оценувањето на декларираната Средната Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) и Лесната Маневарска Болница (ЛМБ) на армискиот полигон (АП) „Криволак“ со што вежбата „Македонски Блесок 10“ влезе во завршна фаза. Денот започна со поставување на набљудувачница, кордон и пребарување на непријателското село и поседнување на борбени позиции за гаѓање на…

Вежба „Македонски Блесок-10“ – оценување на СПБГ и ЛМБ

Денес, 09 април 2014 година, во раните утрински часови, декларираната Средна Пешадиска Баталјонска Група (СПБГ) успешно изврши марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ и изведе офанзивни операции во реонот на „Џидимирци“, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на оваа единица, согласно Концептот за оперативни способности…

Оценување на мирновремена локација во рамките на вежбата „Македонски Блесок-10“

Денес, 08 април 2014 година, на Армискиот Полигон Криволак, започна НАТО оценувањето – Ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Леснaта маневарска болница – Ниво 2 (ЛМБ) во рамките на вежбата „Македонски блесок-10“. Активноста започна со оценување во мирновременски услови во гарнизоните: Скопје, Петровец, Прилеп, Штип и Куманово која се реализираше во текот…

Со свечено отворање започна вежбата „Македонски Блесок-10“

Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“. На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал…

Работилница за изработка на концептот на операции за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-10“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ во период од 27 до 31 јануари 2014 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок 10“. Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Ѓоко Максимов кој со воведен брифинг…

Средната пешадиска баталјонска група и Лесната маневарска болница позитивно оценети на „Македонски Блесок-9“

Денес, 18 Октомври 2013 година, заврши самооценувањето Ниво-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценувањето Ниво-1 на Лесната маневарска болница (ЛМБ), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, кое неделава се одвиваше во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“ на Армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“. Согласно планот и сценариото за…

Покажана врвна обученост и постигнати високи резултати на тактичката вежба со бојно гаѓање во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“

Денес, 17-ти октомври (четврток), во рамките на воената вежба ,,Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ за Денот за високи гости се изведе тактичка вежба со бојно гаѓање ,,Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“. На Денот за високи гости присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов,…

Оценување на средната пешадиска баталјонска група

Денес, 16 октомври 2013 година (среда) во раните утрински часови, декларираната Средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) успешно изведе марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ со што вежбата „Македонски Блесок 9“, влезе во завршна фаза. Маршот припадниците од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) го изведоа со формирање на конвој од…