Планирачка конференција за „Радожда 15“

Во просториите на Центарот за обука на вода во Охрид во деновите 15 и 16.04.2015 година се реализираше иницијална/главна планирачка конференција за Билатералната меѓународна вежба „Радожда 15“. За време на конференцијата беа разгледани побарувањата, капацитетите, како и сите останати потребни елементи за успешно реализирање на претстојната вежба. Учество на вежбата ќе земат припадници на специјалните…

Подготовка за претстојната вежба „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) во СР Германија

Во период од 05.03 до 27.03.2015 година, механизиран пешадиски вод од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда (ЗОК) ги спроведоа подготовките за учество на вежбата „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) која ќе се реализира во Хохенфелс, СР Германија во период од 01.04 до 29.04.2015 година. Согласно сценариото за…

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во период од 16-20 март 2015 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализира Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски блесок 11”. Планирањето на вежбата се реализира врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-3. За време на отварањето…

Работилница за изработка на планот за вежбата „Македонски Блесок 11“ (EXPLAN)

Во ЦО Пепелиште од 02 до 06 февруари 2015 година се одржа Работилница за изработка на планот за претстојната вежба: „Македонски Блесок 11“ на која ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на чета Воена Полиција (чВП) и самооценување Ниво 1 на Ренџерска чета (Рч). Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковник Звонко Мајсторски кој…

Учество на припадници на АРМ на меѓународната вежба „Платинест волк 15“

Во период од 16.11. до 29.11.2014 година припадници од 2.механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада учествуваа на меѓународната вежба „Платинест волк-15“ која се изведуваше во базата „Југ“ во близина на Бујановац, Република Србија. На десетдневната тактичка вежба покрај припадниците од Армијата на Република Македонија, учествуваа и припадници од Армиите на Србија, Хрватска, Бугарија,…

Засилен Тенковски вод во напад

Денес (02.10.2014 година) Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески присуствуваше на тактичка вежба со боево гаѓање на тема: „Засилен тенковски вод во напад“ која се одржа на Армискиот полигон (АП) Криволак. Тактичката вежба ја реализираа припадниците на оклопниот баталјон (окб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр), а покрај НГШ на АРМ…

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“ пристигнаа во Македонија

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки. На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна…

Ден на високи гости и медиуми на вежбата „Брз Лав 14“

На ден 12.06.2014 година се реализира Денот на високи гости и медиуми во Marche-en-Femenne на вежбата „Брз Лав“ во Кралството Белгија. На денот на високите гости на вежбата присуствуваа Министерот за одбрана м-р Талат Џафери, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски,…

Официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав-14“

На ден 10.06.2014 година и официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав-14“, во Кралството Белгија. Во текот на денешниот ден се реализира и најголемиот предизвик и ангажирање на персоналот на четата во инцидент при кој ги покажаа постапките при демонстрации на цивилно населени и формирање на кордон. Со овој инцидент и официјално заврши…