Свечено отворена вежбата „Македонски Блесок-11“

Денес, 3 Октомври 2015 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-11“. На чинот на свеченото отварање присуствуваше Началникот на штаб на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Азим Нуредин. На отворањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Азим Нуредин истакна дека реализацијата на…

На вежбата „Електрон“ потврдена целосната функционалност на комуникациско информатичкиот систем на врски во единиците на ЗОК

Во период од 22.09 до 24.09.2015 година во организација на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира тактичка стручна вежба „Електрон 2015“ на која учествуваа припадници на секциите од командите и единиците за врски и комуникациско информациски системи (КИС) од ЗОК и потчинетите команди и единици. Вежбата се реализира на повеќе издвоени локации во зоната на…

Учество на припадници на АРМ на меѓународната вежба „Брз Одговор – 15“

Во периодот од 09.09 – 22.09.2015 година припадници на АРМ во улога на штабен персонал учествуваа на вежбата „Брз Одговор 15“ (Immediate Response – 15) која се реализираше истовремено во Република Словенија, СР Германија и Република Хрватска. Активностите на вежбата се реализираа на вежбовниот полигон „Еуген Квареник“ во Слуњ, во симулациониот центар во Загреб, вежбовниот…

Финална Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште во период од 31.08-04.09.2015 година се реализира Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 11” (МБ-11). На конференцијата, под раководство на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите се изработени сите документи предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3, Динамички план за подготовка и реализација…

Посета на воената вежба „Операција Фаланга-Македонија„ од страна на министерот за одбрана Зоран Јолевски, амбасадорот на САД во РМ Џес Бејли, НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски

Денешната показна вежба на армискиот полигонот Криволак на Воените полиции на Македонија и САД, која е дел од воената вежба „Операција Фаланга – Македонија“ беше доказ за одличните односи и високото ниво на соработка помеѓу двете армии. Ова е заедничка констатација на министерот за одбрана, Зоран Јолевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли и началникот на…

Реализација на Иницијална планирачка конференција за вежбата “Freedom Shock” во баталјонот на Воена Полиција

Во период од 09.07 до 10.07.2015 година во баталјонот на Воена полиција (бВП) се реализира иницијална планирачка конференција за билатералната вежба за инплементација на “Freedom Shock” концептот. На конференцијата припадниците од бВП и претставници на Армијата на Соединетите Американски Држави ги дефинираа темите, насоките и планот по кој ќе се реализира вежбата за примена на…

Работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок-11“

Во Центарот за Обука (ЦО) Пепелиште во период од 22 до 26 јуни 2015 година се реализира Работилница за изработка на финални документи за претстојната вежба: „Македонски Блесок – 11“ (МБ-11) на која ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на една чета од баталјонот за Воена полиција и Самооценување Ниво 1 на Ренџерска чета.…

Работилница за изработка на оперативен план за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-11“

Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 11 до 15 мај 2015 година се реализира Работилница за изработка на оперативен план (ОПЛАН) и концепт за операции како една од фазите во континуираните подготовки за реализација на вежбата „Македонски Блесок 11”. За време на работилницата на која работен јазик беше англискиот од страна на учесниците…

Учество на припадници од АРМ на вежбата „Saber Junction – 15“ во СР Германија

Во период од 02.04-30.04.2015 година еден вод од 3. механизиран пешадиски баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада од Здружено оперативната команда (ЗОК) зеде учество на мултинационалната вежба „Saber Junction -15“ (SJ-15) во Joint Multinational Readiness center – JMRC (Здружен Мултинационален центар за Готовност), Хохенфелс, СР Германија. Вежбата SJ-15 предводена од USAREUR (Армијата на…