Врачување на медал за воени заслуги

На ден 07.04.2017 година, командантот на инженерискиот баталјон пред стројот на единицата изврши свечено врачување на медалот за воени заслуги на мајор Ласте Ѓоргиев кој во периодот од 12 јуни – 31 декември 2016 година ја извршуваше должност командир на водот за обезбедување на базата во операцијата за поддршка на мирот „Одлучна поддршка“ во И.Р…

Свеченост по повод испраќање на четвртата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес (10 јуни) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на четвртата ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан. За време на приемот, командантот на ЗОК, генерал мајор Васко Ѓурчиновски потенцираше дека од овој состав се…

Припадниците на АРМ од четвртата ротација во командата за обука и советување главен град, подготвени за заминување во мисијата „Одлучна Поддршка“

Припадници на АРМ кои во следните шест месеци ќе учествуваат во мисијата „Одлучна Поддршка“ во Авганистан остварија средба со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и министерот за одбрана Зоран Јолевски. Четвртата ротација составена од 13 старешини, ќе биде упатена во командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ) во мисијата…

Свеченост по повод испраќање на третата ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес (07 декември) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на третата ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан. Командантот на ЗОК, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски потенцираше дека од овој состав очекува успешно претставување и извршување…

Средба на МО и НГШ со штабни офицери за мисијата „Одлучна поддршка“ во командата Север

Денес, 27-ми август 2015 година, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, каде ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север. Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна…

Во Здружената Оперативна Команда се реализира свеченост по повод упатување на припадниците од состав на силите за обезбедување во мисијата „Одлучна поддршка“

Денес (19 јуни) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на втората ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан. На средбата со мировниците присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ, Командантот на ЗОК, Началникот на…

Достојна презентација на Армијата на Република Македонија од припадниците на македонскиот контингент во мисијата „Одлучна поддршка“

Припадниците на македонскиот контингент во мисијата „Одлучна Поддршка“ со професионалното и посветено извршување на поставените задачи на најдобар можен начин продолжуваат со успех да ја претставуваат Армијата на Република Македонија. По неодамнешното одликување на командирот на водот за заштита на силите oд македонскиот контингент, на ден 16.04.2015 година уште седум припадници на АРМ од составот…

Признание за високиот професионализам на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“

За кратко време од отпочнување на извршување на задачите во мисијата „Одлучна поддршка“ македонските мировници продолжија да докажуваат дека со врвен професионализам и посветеност во извршување на задачите остануваат посакуван партнер за соработка од земјите членки на НАТО и останатите коалициони сили кои учествуваат во мисијата. Уште еден доказ за ова е доделување на одликување…

Средба на министерот за одбрана со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес, 27-ми февруари, министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север. Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна…