Свеченост по повод „18-ти Август“ Денот на Армијата на Република Македонија

По повод „18-ти Август“ Денот на Армијата на Република Македонија во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се одржа свечен собир на вработените. На свечениот собир присуствуваа сите вработени во касарната и поканети гости од локалната самоуправа, државните институции и здруженија на Велес како и претставници на институции од други општини. Пред самиот почеток на свеченоста по повод…

Акција за доброволно дарување крв во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес

Денес 20.07.2018 година во Командата за обука и доктрини во касарната во Велес се реализираше акција на доброволно дарување на крв. На оваа акција покрај вработените учество земаа и војниците на доброволно служење на воен рок како и ново примените професионални војници кои на дело да ја покажат својата хуманост и солидарност со масовно учество…

Учество на питомци од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје на заедничка обука во Република Турција

Согласно планот за билатерална соработка за 2018 година помеѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Република Турција, во период од 02.07-11.07.2018 година, во Турската Воена академија во Анкара се реализира десеттата „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“. Република Македонија на оваа активност зема учество со 4 претставници од Воената академија…

Свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман во Велес се реализираше воена свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок од генерацијата „Јуни 2018 година“. Триесет и петтата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок брои 68 војници од кои 15 се припаднички од понежниот пол и истите во наредните три…

Инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“ во Командата за обука и доктрини и полкот за специјални операции

На 21 јуни 2018 година во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим составен од двајца инспектори од ВС на Република Унгарија и по еден инспектор од ВС на Португалија и Австрија. За време на реализација на активностите во…

Завршеток на компјутерски асистирана вежба во Центарот за симулации

Во насока на достигнување на потполна оперативна готовност, во период од 11.06. до 13.06.2018 година, во Центарот за симулации (ЦС), во Командата за обука и доктрини (КОД), се реализира втората по ред оваа година, компјутерски асистирана вежба (Computer Assisted Exercise – CAX) – „Засилен механизиран пешадиски баталјон во одбрана“ со припадниците од 1.механизиран пешадиски баталјон…

Примарен курс за лидери во Центарот за индивидуална обука

Во период од 10.04.2018 до 31.05.2018 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини се реализираше Примарен курс за лидери 1-18. Курсот го посетуваа професионални војници, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на курсот е слушателите да се обучат и оспособат за реализација на должностите во единиците како…

Курс за инструктори во Центарот за индивидуална обука

Во период од 02.05.2018 до 31.05.2018 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше Курс за инструктори 1-18. Курсот го посетуваа подофицери, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија. Во изминатите дваесетина дена слушателите на курсот преку практична работа имаа можност да се оспособат за непосредно изведување…

Обука во справување од пожари во касарна „Алексо Демниевски Бауман Велес“

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман – Велес“ се реализира методско показна вежба на тема „Организација на противпожарна заштита во касарната – гарнизон Велес“. Вежбата се реализираше во соработка и асистенција на Територијалната противпожарната единица од општина Велес, каде припадниците на АРМ имаа можност практично да ги демонстрираат своите способности во локализирање и гасење на пожари…