Методички курс за обука на подофицери

Денес 03.03.2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Методички курс за обука на подофицери. Курсот го посетуваат 28 (дваесет и осум) слушатели подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на Методичкиот курс за обука на подофицери е осовременување на начинот на изведување на квалитетна индивидуална, колективна и методичка подготовка на изведувачите на…

Пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок

На 24 Февруари во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес во Центарот за индивидуална обука пристигнаа 169 граѓани за доброволно служење на воениот рок, од кои 12 припаднички од женскиот пол. Ова е дваесет и петта генерација војници кои идните три месеци доброволно ќе го служат воениот рок. Командата за обука и доктрини како…

Обука во зимски услови со питомците од Центарот за обука на питомци

Во периодот од 07.02. – 18.02.2015 година питомците од втора година од Центарот за обука на питомци реализираа практична настава – обука во зимски услови. Обуката се реализираше на скијачките терени „Колашин“ во Црна Гора а согласно билатералната соработка помеѓу војската на Црна Гора и Армијата на Република Македонија. За време на реализацијата на обуката…

Примарен курс за лидери

На 17 Февруари 2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Примарен Курс за лидери (ПКЛ). Курсот го посетуваат 30 (триесет) слушатели од редот на професионалните војници од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на ПКЛ е слушателите професионални војници да се обучат и оспособат за извршување на должностите во единиците како лидери на…

Примопредавање на должноста „Командант на Центарот за поддршка на обуката“

На ден 12.02.2015 година во гарнизонот „Криволак“ се одржа воена свеченост по повод примо-предавање на должноста командант на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО). По тој повод на свеченоста присуствуваа командантот на Команда за обука и доктрини (КОД) полковник Љупчо Костовски, претставници од локалната самоуправа на Кавадарци и Неготино и гости од цивилните структури од…

Заврши стажирањето на питомците од Центарот за обука на питомци

Питомците од трета и четврта година од Центарот за обука на питомци во периодот од 26.01-06.02.2015 година реализираа практична настава-стажирање во единиците на Армијата на Република Македонија. Практичната настава-стажирање имаше за цел оспособување на питомците за конкретни должности во единиците, како прв чекор во практичното оспособување за извршување на формациските должности кои ќе ги извршуваат…

Заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес 22 Јануари 2015 година во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок. За дваесет и четвртата генерација војници кои доброволно го служат воениот рок обуката започна во ноември минатата година. Во текот на изминатите три месеци 225 војници меѓу кои 14 припаднички од понежниот пол ги…

Започна Борбено штабен курс за подофицери

На 21 Јануари 2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Борбено штабен курс за подофицери. Курсот го посетуваат 18 подофицери припадници од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на Борбено штабниот курс за подофицери е преку реализацијата на планираната обука слушателите подофицери да се обучат и оспособат за работа во штаб на ниво…

Градоначалникот на Велес ја посети касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес

На ден 31.12.2014 година во вечерните часови, градоначалникот на Велес г-дин Славчо Чадиев по повод новогодишните празници ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои се работно ангажирани како дежурни органи за внатрешна служба во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес. Честитајќи им ја Новата 2015 година, градоначалникот на Велес г-дин Славчо Чадиев…