Посета на КОД од страна на главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт

Командата за обука и доктрини на ден 20 Мај ја посети главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт, главен наредник Тоби Квик заедно со командантот на 186-ти логистички баталјон потполковник Трејси Поириер и главниот подофицер на баталјонот главен наредник Робертс Неил. Со делегацијата присуствуваше и главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски. За време…

Хуманитарна акција на Команда за Обука и Доктрини

Во рамките на активностите за одбележување на ,,15 ти Април – Ден на Командата за обука и доктрини “ на ден 09.04.2015 година реализирана е хуманитарна акција во Велес, Скопје и Неготино. Припадниците на Командата и потчинетите единици на КОД масовно се вклучија во хуманитарната акција преку доброволно дарување на собрани санитарни и хигиенски средства,…

Спортски натпревари во пресрет на денот на КОД

Во рамки на програмата за одбележување на денот на КОД, на ден 08.04.2015 година на спортскиот терен во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се одиграа спортски натпревари. На овој спортски настан учество зедоа вкупно шест екипи од командата и потчинетите единици на КОД. Екипите кои се натпреваруваа ги одмерија своите сили во следните спортови: мал фудбал, пинг…

Завршеток на курсот за војници за водачи на службени кучиња и службени кучиња од чуварска категорија

Согласно годишниот План календар за обука на Командата за обука и доктрини за 2015 година Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња во рамките на доделената мисија реализира голем број на курсеви за обука како со војници кои имаат афинитети за водачи на службени кучиња, така и со службени кучиња од доменот на нивната…

Посета на Металната индустрија Брако од Велес

Во рамките на активностите за одбележување на „15-ти Април – Ден на Командата за обука и доктрини”, вработените во касарна ,,Алексо Демниевски Бауман“-Велес на ден 02.04.2015 година реализираа посета на фабриката за метална индустрија „БРАКО“ од Велес. За време на посетата, менаџерите и инженерите на фабриката ,,БРАКО“ ги запознаа присутните старешини и цивилни лица со…

Акција за доброволно дарување на крв во пресрет на „15-ти Април“ Денот на Команда за обука и доктрини

Во рамките на активностите од програмата за одбележување на „15-ти Април“ Ден на Команда за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализира акција за доброволно дарување на крв. Својата хуманост во акцијата припадниците на КОД ја покажаа со дарување на 80 крвни единици. Покрај старешините од Командата на…

Тромесечен брифинг за обука и Тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ

Денес 24.03.2015 година во Центарот за индивидуална обука согласно годишниот План за обука на Команда за обука и доктрини (КОД), се реализира тромесечен брифинг за обука (ТБО) и тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ. Пред командантот на КОД полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб…

Припадниците на КОД учествуваа во акцијата за одбележување на „Денот на пролетта“

Денес 20 март припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) со потчинетите команди и единици традиционално активно се вклучија во еколошката акција по повод одбележувањето на „Денот на пролетта“. Во сите касарни на единиците на КОД се реализира организирано чистење и уредување на касарнските кругови. Најмасовна акција се изведе во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во…

Заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес 06.03.2015 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман”, Велес се реализира воена свеченост по повод давањето заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од генерацијата „Февруари“ 2015 година. Заклетва дадоа 165 војници меѓу кои 12 припаднички од понежниот пол. Ова е дваесет и петта генерација војници кои доброволно го служат воениот рок. На свеченоста…