Работна посета на началникот на генералштабот на армијата на САД

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во период од 04.03 до 09.03.2019 година, ќе оствари работна посета на Соединетите Американски Држави. За време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски е планирано да оствари работна посета на Здружениот Штаб на вооружените сили на САД, во Пентагон и на Националната Гарда на Вермонт. Во Пентагон,…

Одбележан Денот на полкот за Специјални Операции и Јубилејот „25 години сили за Специјални Операции“

Под мотото „Посветеност и професионализам“ припадниците на полкот за специјални операции (пСО) денес во касарната ,„Илинден“ во Скопје, со воена свеченост го одбележаа денот на единицата и јубилејот 25 години „Сили за специјални операции“. На воената свеченост покрај Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски присуствуваа и заменикот…

Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во официјална посета на ГШ на ВС на Република Полска

Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на генералштабот на Вооружените Сили на Република Полска денес оствари средба со својот домаќин, генерал потполковник Рејмунд Андржејчак. На средбата помеѓу началниците на Генералштабови се разговараше за досегашната воена соработка, која досега воглавно се состоеше во учество на заеднички вежбовни активности во организација на НАТО,…

Одбележување на Денот на Меѓународниот Совет за Воени спортови (МСВС)

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје и спортските терени во гарнизоните низ Републиката, припадниците на Армијата го одбележаа Денот на Меѓународниот Совет за Воени спортови (МСВС). Претседателот на Советот за воени спортови во Министерството за одбрана, во своето обраќање на отворањето на централниот турнир на сите припадници им посака успех и фер натпревари,…

Посета на НАТО DEEP тимот за подофицери на Армијата на Република Македонија

Во период од 18 до 22.02.2019 година, се реализира посета на НАТО DEEP тимот за подофицери на Армијата на Република Македонија. Цел на оваа посета е дефинирање на можностите кои ги нуди DEEP тимот но и можностите кои ги има АРМ за да изврши интеграција на нивните предлози, а се со цел подобрување на квалитетот…

Примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ). Должноста командант на ЦЕИ од потполковник Марјан Масевски ја прими потполковник Сашо Спасовски, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот во ЦЕИ. Во своето обраќање пред присутните, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор…

Реализација на работилница LOGREP

На 11 февруари, во Домот на АРМ, во Скопје, започна еднонеделна работилница LOGREP, која претставува активност за индивидуална подготовка на персоналот кој ќе учествува на логистичката вежба LOGDEV 19, која ќе се реализира во период од 06-17 мај, 2019 година, во Тбилиси, Грузија. На работилницата учествуваат претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Грузија, САД,…

Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти за вежбата „LOGDEV 19“

Во период од 4-ти до 8-ми февруари во рамките на циклусот активности за претстојната мултинационална логистичка штабна вежба „LOGDEV 19“ во Домот на АРМ во Скопје се одржува втора „Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти“. Првата беше реализирана во последниот квартал на минатата година во Тирана, Република Албанија.…

Началникот на ГШ на АРМ во посета на командата на КФОР

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари  редовна планирана  посета на командата на КФОР во Приштина. За време на посетата генералот Ѓурчиновски оствари средба и разговори со командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио,  која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал…