Средба на НГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Народна Република Кина

Денес, 25-ти октомври 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со новото одбранбено аташе на Народна Република Кина акредитиран во Република Македонија, постар полковник Занг Баокун. На средбата со новиот воен аташе на Народна Република Кина присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Народна Република Кина во Република Македонија, постар полковник…

Средба на началникот на Генералштабот на АРМ и директорот на Генералштабот на АРМ со началникот на штабот на КФОР

Денес, 24-ти октомври (четврток) началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески се сретна со началникот на штабот на КФОР, бригаден генерал Давид Ајкок. На средбата беше искажано задоволство од соработката на АРМ со силите на КФОР, особено во делот на поддршката на оваа мисија на НАТО за која во АРМ во изминативе години функционира…

Посета на НГШ на АРМ на гарнизонот Прилеп

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес (22-ри октомври) го посети гарнизонот Прилеп. Посетата на началникот на ГШ на АРМ на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се одвива во рамките на планот за обиколка на гарнизоните на АРМ, кој започна да се реализира на почетокот од месецов, при што досега ги посети Здружената…

Средната пешадиска баталјонска група и Лесната маневарска болница позитивно оценети на „Македонски Блесок-9“

Денес, 18 Октомври 2013 година, заврши самооценувањето Ниво-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценувањето Ниво-1 на Лесната маневарска болница (ЛМБ), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, кое неделава се одвиваше во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“ на Армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“. Согласно планот и сценариото за…

Покажана врвна обученост и постигнати високи резултати на тактичката вежба со бојно гаѓање во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“

Денес, 17-ти октомври (четврток), во рамките на воената вежба ,,Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ за Денот за високи гости се изведе тактичка вежба со бојно гаѓање ,,Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“. На Денот за високи гости присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов,…

Оценување на средната пешадиска баталјонска група

Денес, 16 октомври 2013 година (среда) во раните утрински часови, декларираната Средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) успешно изведе марш од касарната „Боро Менков“ во Куманово до армискиот полигон (АП) „Криволак“ со што вежбата „Македонски Блесок 9“, влезе во завршна фаза. Маршот припадниците од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) го изведоа со формирање на конвој од…

Ден за високи гости на „Македонски Блесок-9“

Утре, 17-ти октомври (четврток) со почеток во 11.00 часот, во рамките на воената вежба „Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ ќе се реализира програма во рамките на Денот за високи гости. На Денот за високи гости ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените…

Оценување на Лесната маневарска болница на АРМ и донација од припадниците на АРМ на ДСУ „Искра“ во Штип

Денес, 15 октомври 2013 година (среда), во Центарот за обука „Пепелиште“, започна оценувањето (НАТО 1) на Леснaта маневарска болница на АРМ, кое се одвива во рамките на вежбата „Македонски блесок – 9“ . Оценувањето се реализира според Концептот за оперативни способности на НАТО, а го спроведува оценувачки тим на НАТО, кој денес ги оценуваше интероперабилноста…

Започна теренската вежба „Македонски Блесок-9“

Денес, 14 октомври 2013 година, во Центарот за обука „Пепелиште“ се одржа свеченост за отварање на теренската вежба „Македонски Блесок-9“. На чинот на свеченото отварање пред учесниците на вежбата се обрати Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај кој истакна дека реализацијата на вежбата „Македонски Блесок-9“ за Армијата на Република Македонија…