Одбележување на Денот на жената

Во знак на одбележувањето на Денот на жената, 8-ми Март, во воениот хотел „Шар“ на Попова Шапка, за припадничките од женскиот пол од ГШ на АРМ, беше организиран коктел. Во чест на Денот на жената, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, вчера за женскиот персонал од ГШ на АРМ приреди ручек во воениот…

Промоција на првите пилоти-поручници од Центарот за обука на пилоти

Денес, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод промовирањето на четворицата слушатели од Центарот за обука на пилоти од во чин поручник. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО, Сашо Стефаноски, командантот на Здружената оперативна команда…

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на…

Во Домот на АРМ во Скопје изложба по повод jубилејот „20 години сили за специјални операции“

По повод јубилејот „20 години сили за специјални операции“ денес во Домот на АРМ во Скопје е отворена изложба на слики, обележја и униформи на специјалните сили на АРМ која ќе биде отворена до први март. Изложбата може да се посети од 09.00 до 22.00 часот во сала број 2 во Домот на АРМ каде…

Посетителите на отворениот ден на пСО уживаа во демонстрацијата на вештините и врвната обученост на „волците“ и „ренџерите“ на АРМ

По повод одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денес во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Отворен ден на пСО. Командантот на пСО бригаден генерал Васко Ѓурчиновски посакувајќи им добредојде на големиот број на гости и посетители го истакна значењето на пСО…

Денот на Меѓународнитe Воени спортови во АРМ одбележан со спортски ден

Денес, 18 февруари (вторник) на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, со свечено постројување на спортските екипи од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана, започна спортскиот ден и одбележувањето на „18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“. Оваа спортска манифестација која годинава АРМ ја одбележува по деветти пат, денес свечено ја отвори Началникот…

Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година пред Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов

Денес, 17-ти февруари 2014 година во Домот на АРМ во Скопје, се одржа брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година. На брифингот за борбената готовност на АРМ, присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо…

Припадниците на пСО покажаа врвна обученост за извршување на борбени дејства во зимски услови

Денес, 4-ти февруари 2014 година, Министерот за одбрана Талат Џафери, во придружба на заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, ги посетија припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на локалитетот покрај регионалниот пат Маврово-Ростуше демонстрираа обука во зимски услови. „Тука уште…

Прогласени најдобрите спортисти во МО и АРМ за 2013 година

Денес, 3-ти февруари 2014 година во просториите на Министерството за одбрана (МО) и ГШ на АРМ се одржа церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година. Признанијата и медаљите за најдобар спортист во МО/АРМ за 2013 година ги додели Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини. За…