Посета на министерот за одбрана и началникот на ГШ на АРМ на курсот за основна борбена обука во ЦО „Пепелиште“

Министерот за одбрана Талат Џафери и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ ги посетија новопримените професионални војници на АРМ, кои се наоѓаат на Курс за основна борбена обука. За време на посетата, Министерот за одбрана и НГШ на АРМ, ги согледаа условите за живот и работа…

Екипата на полкот за специјални операции победник на седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес (19-ти март 2014 година) во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5…

Посета на НГШ на АРМ на ЗОК и гарнизонот Куманово

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денес ја посети Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ и гарнизонот Куманово. Целта на посетата беше согледување на подготовките за претстојната вежба „Македонски Блесок-10“ на која ќе биде извршено НАТО оценување, ниво-2 на средната пешадиска баталјонска група (спбг). НГШ на АРМ беше информиран од страна на командантот…

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес се одржа свечена заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес, во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес, се одржа свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари-2014“. На свеченоста по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер…

Одбележување на Денот на жената

Во знак на одбележувањето на Денот на жената, 8-ми Март, во воениот хотел „Шар“ на Попова Шапка, за припадничките од женскиот пол од ГШ на АРМ, беше организиран коктел. Во чест на Денот на жената, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, вчера за женскиот персонал од ГШ на АРМ приреди ручек во воениот…

Промоција на првите пилоти-поручници од Центарот за обука на пилоти

Денес, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод промовирањето на четворицата слушатели од Центарот за обука на пилоти од во чин поручник. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО, Сашо Стефаноски, командантот на Здружената оперативна команда…

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на…

Во Домот на АРМ во Скопје изложба по повод jубилејот „20 години сили за специјални операции“

По повод јубилејот „20 години сили за специјални операции“ денес во Домот на АРМ во Скопје е отворена изложба на слики, обележја и униформи на специјалните сили на АРМ која ќе биде отворена до први март. Изложбата може да се посети од 09.00 до 22.00 часот во сала број 2 во Домот на АРМ каде…

Посетителите на отворениот ден на пСО уживаа во демонстрацијата на вештините и врвната обученост на „волците“ и „ренџерите“ на АРМ

По повод одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денес во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Отворен ден на пСО. Командантот на пСО бригаден генерал Васко Ѓурчиновски посакувајќи им добредојде на големиот број на гости и посетители го истакна значењето на пСО…