Началникот на генералштабот на Армијата на средба со Командантот на здружената команда на НАТО во Брунсум

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по неговото учество на заседанието на воениот комитет на НАТО во Брисел, денес се наоѓа во официјална посета на здружената команда на НАТО во Брунсум. За време на престојот во Брунсум, генералот Ѓурчиновски оствари средба со командантот на оваа здружена команда, генерал Рикардо Маркио, по што имаше…

Учество на делегација на генералштабот на прва интегративна конференција во НАТО штабот во Брисел

Делегација на генералштабот на Армијата предводена од заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во НАТО штабот во Брисел учествуваше на првата интегративна конференција за пристапување и интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. На конференцијата беа презентирани Националниот план за интеграција и активностите кои произлегуваат од истиот како и роковите за нивна реализација.…

Учество на Началникот на Генералштабот на Армијата на заседание на Воениот комитет на НАТО

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествува на 181то заседание на воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови кое се одржува денес во седиштето на НАТО во Брисел. Ова е првпат досега началник на генералштабот на нашата армија да учествува за цело времетраење на едно редовно заседание на ова…

Присуство на заменик на началникот на генералштабот на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“

Делегација на Армијата предводена од заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во текот на вчерашниот ден во Церкље, Република Словенија, присуствуваше на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“, кој воедно беше и одбележување на денот на словенската војска. На денот на високи гости на кој покрај…

Реализација на обука во областа на стандардизација во НАТО од страна на мобилен тренинг тим на НАТО

Во Генералштабот на Армијата во период од 6 до 10 мај реализирана е обука во областа на стандардизација во НАТО, од страна на мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција. На обуката учествуваа припадници од Армијата и Министерството за одбрана од повеќе сектори и области кои се вклучени во процесот на стандардизација. Целта на…

Командантско извидување на клучниот персонал од Генералштабот

Како дел од планираните активности на генералштабот, во текот на изминатите два дена, дел од клучниот персонал со началникот на генералштабот, реализираше командантско извидување во зоната на одговорност на просторот од западниот дел на Републиката.   Целта на оваа активност е извидување на просторот и е дел од обуката за оперативно планирање и согледување на…

Началникот на Генералштабот на Војската на Република Словенија во посета на Армијата

Висока воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, која се наоѓа во официјална посета на Армијата денес престојуваше во Генералштабот (ГШ). По пречекот на делегацијата на Војската на Република Словенија, со високи воени почести, генерал-мајор Аленка Ерменц оствари средба со својот домаќин началникот на ГШ на Армијата,…

Возвратен фудбалски натпревар со екипа на Косовските безбедносни сили

На теренот во спортската сала во Куманово се реализира пријателски фудбалски натпревар помеѓу припадниците на Армијата и припадниците на Косовските Безбедносни Сили (КБС). Натпреварот го отвори командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски кој во својот поздравен говор истакна дека овој натпревар има за цел да ги зближи припадниците од Армијата и КБС…

Одбележан Денот на Командата за обука и доктрини

Со воена свеченост во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) го одбележаа денот на единицата „15-ти Април“. На свеченоста покрај началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и командантите на Здружената оперативна команда и полкот за специјални операции, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, претставници од…