Учество на Главниот подофицер на АРМ на Конференција на главните подофицери на Армиите од Европа во Тбилиси, Грузија

Во периодот од 19 до 22 Мај 2014 година, Главниот подофицер на АРМ Драган Стојановски присуствуваше на Конференцијата на главни подофицери од Армиите во Европа, која под покровителство на Командата на Копнентите сили на САД во Европа се одржа во Тбилиси, Грузија. Темата на годинешната конференција на главни подофицери од Армиите во Европа беше “Улога…

Успешен настап на Воениот оркестар на АРМ во Македонски Брод

Синоќа, 21-ви мај 2014 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Македонски Брод. На концертот кој се одржа во салата на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод над 300 граѓани на Македонски Брод вистински уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот…

Учество на НГШ на АРМ на Kонференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денес (21-ви мај) учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. На средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе се разгледуваат прашањата за состојбата во Авганистан…

Продолжува ангажирањето на припадниците на АРМ во поплавеното подрачје на Обреновац

Припадниците на АРМ кои се ангажирани за давање помош во поплавените подрачја во Република Србија, во текот на вчерашниот ден со моторните возила кои ги поседуваат, извршија евакуација на повеќе од 350 лица од подрачјето на градот Обреновац и околните населени места. Денес, персоналот на АРМ кој е распореден во Обреновац ќе биде ангажиран на…

Припадниците на АРМ ангажирани за евакуација на жителите на Обреновац

Вчера (17.05.2014 година), припадниците на АРМ кои беа дел од хуманитарниот конвој на Република Македонија безбедно пристигнаа во вечерните часови во Република Србија. Во текот на денешниот ден, припадниците на АРМ успешно ги извршија добиените задачи кои им беа доделени од страна на воспоставениот кризен штаб за подрачјето на градот Обреновац. Голем број на жители…

Конвој на АРМ со хуманитарна помош за поплавените подрачја во Република Србија и Босна и Херцеговина

Врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија, денес (17.05.2014 година), Армијата на Република Македонија испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Во Република Србија денес АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ…

Прослава на Денот на победата над Фашизмот со свечено дефиле пред Врховниот командант на ВС на Република Македонија

Денес, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот. На свеченоста присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант д-р Ѓорге Иванов, Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, активните и пензионираните генерали на АРМ, високи претставници…

Средба на заменикот на НГШ на АРМ со командантот на КФОР

Денес, 8-ми Мај 2014 година, делегација на АРМ предводена од Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини претстојуваше во официјална посета на командата на КФОР во Приштина. Во командата на КФОР генералот Сејдини се сретна со командантот на КФОР, генерал-мајор Салваторе Фарина. На средбата во Приштина се разговараше за безбедносната состојба во регионот и…

Свечено прославен денот на баталјонот на Воена полиција

Денес, 7-ми маj (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод 7-ми мај денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) и денот на полицијата и безбедноста. На свеченоста присуствуваа: Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Државниот секретар во Министерството за одбрана…