Свечено испраќање на седумнаесетата ротација на АРМ во мировната мисија ИСАФ во Авганистан

Денес, 3-ти јули (четврток) 2014 година, во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, се одржа свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод испраќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ ќе присуствуваа: Министерот за одбрана…

Посета на началникот на ГШ на ВС на Унгарија генерал Тибор Бенко

Од денес во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ претстојува делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на ГШ на ВС на Унгарија, генерал Тибор Бенко. Делегацијата во ГШ на АРМ беше пречекана со високи воени почести, каде домаќин му е началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Генералот…

Настап на воените оркестри на АРМ и ВС на Република Турција на задоволство на граѓаните на Скопје

Вчера, на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, воениот оркестар на АРМ и воен оркестар „Мехтеран“ на Вооружените сили на Република Турција преку заедничкиот настап пред македонската публика, покажаа дека односите и соработката помеѓу Република Македонија и Република Турција, на сите полиња, се на највисоко ниво. На концертот, присуствуваа: претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, министерот…

НГШ на АРМ му додели средна плакета на АРМ по повод испраќањето на шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје

Денес, 24-ти јуни 2014 година, во ГШ на АРМ се одржа пригодна свеченост по повод испраќањето на шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Александар Александров. На свеченоста присуствуваше началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, новиот шеф на Канцеларијата на НАТО морнарички капетан Румен…

НГШ на АРМ ја отвори четвртата Конференција на главните подофицери од армиите на САД – Јадранската група

Денес, 24-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески ја отвори четвртата Конференција на главните подофицери од армиите на земјите членки на САД-Јадранската група (А5). На конференцијата, покрај домаќинот главниот главниот подофицер на АРМ, главниот наредник Драган Стојановски, учествуваа главните подофицери од армиите на: Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна…

Учество на началникот на ГШ на АРМ на конференцијата на стратегиски воени партнери

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес учествува на конференцијата на стратегиски воени партнери (Strategic Military Partner Conference) која се одржува во Софија, Република Бугарија. На конференцијата учествуваат 65 учесници, началници на генералштабовите од армиите на земјите членки на НАТО, ПзМ, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, глобалните партнери, како и високи претставници…

Искажана благодарност за несебичната помош на АРМ за време на поплавите во Република Србија

Денес, 16-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и одбранбеното аташе на Република Србија акредитиран во Република Македонија, потполковникот Жељко Симиќ. На средбата амбасадорот на Република Србија и одбранбеното аташе на Република Србија, на началникот на ГШ…

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“ пристигнаа во Македонија

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки. На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна…

Интероперабилност преку регионално партнерство-главна тема на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба

Од 10-ти до 12-ти јуни, заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба која се одржува во Република Црна Гора. Домаќин на Конференцијата е началникот на Вооружените Сили на Црна Гора, Адмирал Драган Самарџиќ, а покрај учеството на началниците…