Учество на началникот на ГШ на АРМ на конференцијата на стратегиски воени партнери

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес учествува на конференцијата на стратегиски воени партнери (Strategic Military Partner Conference) која се одржува во Софија, Република Бугарија. На конференцијата учествуваат 65 учесници, началници на генералштабовите од армиите на земјите членки на НАТО, ПзМ, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, глобалните партнери, како и високи претставници…

Искажана благодарност за несебичната помош на АРМ за време на поплавите во Република Србија

Денес, 16-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и одбранбеното аташе на Република Србија акредитиран во Република Македонија, потполковникот Жељко Симиќ. На средбата амбасадорот на Република Србија и одбранбеното аташе на Република Србија, на началникот на ГШ…

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“ пристигнаа во Македонија

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки. На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна…

Интероперабилност преку регионално партнерство-главна тема на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба

Од 10-ти до 12-ти јуни, заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба која се одржува во Република Црна Гора. Домаќин на Конференцијата е началникот на Вооружените Сили на Црна Гора, Адмирал Драган Самарџиќ, а покрај учеството на началниците…

Учество на командантот на ЗОК на конференцијата на заменици на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на СЕДМ процесот

Во период од 10 до 12-ти Јуни во Белград, Р. Србија, Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Методија Величковски учествуваше на конференцијата на заменици на началници на генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ – South East Defence Ministerial). На конференцијата учесниците од земјите членки и претставниците…

Ден на високи гости и медиуми на вежбата „Брз Лав 14“

На ден 12.06.2014 година се реализира Денот на високи гости и медиуми во Marche-en-Femenne на вежбата „Брз Лав“ во Кралството Белгија. На денот на високите гости на вежбата присуствуваа Министерот за одбрана м-р Талат Џафери, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски,…

Официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав-14“

На ден 10.06.2014 година и официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав-14“, во Кралството Белгија. Во текот на денешниот ден се реализира и најголемиот предизвик и ангажирање на персоналот на четата во инцидент при кој ги покажаа постапките при демонстрации на цивилно населени и формирање на кордон. Со овој инцидент и официјално заврши…

Прославен денот на Денот на воздухопловната бригада

Денес, 10-ти Јуни, во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа: Заменик министерот за одбрана на Република Македонија Емил Димитриев, државниот секретар во МО на Република Македонија Сашо Стефаноски, Заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамед Рацај и други високи гости. Заменик…

Вежбата „Брз Лав 14“ одлична можност за промовирање на интероперативноста на АРМ во меѓународни операции и вежби

Спецификацијата на „Брз Лав 14“ ја дефинира главната цел на вежбата како сертификација на штабот на ЕУБГ 2014-2 за исполнување на листата на суштински задачи и способноста на командата на ЕУБГ да одговори на предизвиците во реонот на упатување. Составен дел на овој елемент од борбената група се и тројца штабни офицери и еден подофицер…