Одбележување на денот на Центарот за Електронско Извидување 9-ти Ноември

На ден 07.11.2014 година (петок) со почеток во 11.00 часот во касарната „Гоце Делчев“ Скопје се одржа свеченост по повод одбележување на 9-ти Ноември денот на Центарот за Електронско Извидување. На свеченоста присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, команданти на баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата како и претставници на…

Официјална посета на председавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс на АРМ и Република Македонија

Денес, во Генералштабот (ГШ) на АРМ со високи воени почести беше пречекан председавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, на кого домаќин му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески. Генералот Бартелс во изјавата за медиумите им се заблагодари на припадниците на АРМ, истакнувајќи го нивниот професионализам кој го покажуваат…

Средба на медицинскиот тим на АРМ кој ќе учествува во мисијата АЛТЕА со Министерот за одбрана на Република Македонија и НГШ на АРМ

Денес, 31-ви октомври, Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во седумнаесеттата ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Министерот Јолевски изрази задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата…

АРМ прими донација од Република Турција вредна 2 милиони долари

Од осамостојувањето на Република Македонија, Турција беше првата земја која подаде пријателска рака, земја која изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери, а особено во областа на одбраната. Отвореноста и блиската соработка се најзначајната алка во градењето на стратешките односи помеѓу двете земји. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран…

Свечено одбележан денот на Здружената Оперативна Команда

Денес 17 октомври (петок), во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одржа свеченост по повод денот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ. На свеченоста присуствуваа: началникот на генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во министерството за одбрана (МО) Сашо Стефановски, директорот на ГШ…

Проштална средба на НГШ на АРМ со аташето на Република Бугарија

Денес, 14-ти октомври 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковник Милко Чонов, Одбранбено аташе на Република Бугарија во Република Македонија. На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Чонов за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во јакнењето на билатералната соработка…

Успешен настап на Воениот оркестар на АРМ и на припадниците на баталјонот за почести во Крива Паланка

Вчера, 8-ми октомври 2014 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Крива Паланка. На концертот кој се одржа во исполнетата сала во Домот на културата во Крива Паланка, граѓаните на овој град имаа можност вистински да уживаат во едночасовниот концерт на Воениот оркестар, кој настапи со…

Ориентациски NATO COIN курс за припадниците на АРМ

Во период од 07-ми до 10-ти октомври 2014 година во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, во организација на ГШ на АРМ и Центарот за обука за мировни операции (ЦОМО) од Сараево, Босна и Херцеговина се одржува „Ориентациски NATO COIN курс“. На отворањето полковникот Зоран Додевски ја искажа важноста за одржувањето на овој вид на курсеви…