Посета на НГШ нa AРМ на КФОР

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес (26-ти јуни), престојуваше во еднодневна официјална посета на КФОР. За време на посетата, НГШ на АРМ се сретна со командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фергусон и со командантот на КФОР, генерал-мајор Франческо Фиљуоло. На средбата која се одржа во…

Присуство на Главниот подофицер на АРМ на логистичка вежба со НГ на Вермонт

Главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски перод од 21 до 25 Јуни 2015 година се наоѓа во посета на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт. Целта на посетата е одржување на логистичка вежба на НГ на Вермонт, на која учествуваат припадници на АРМ. За време на престојот во Вермонт, главниот…

Билатерални разговори од областа на логистиката помеѓу претставници од АРМ и Вооружените Сили на Република Словенија

Денес и утре, во ГШ на АРМ се одржуваат билатерални разговори од областа на логистиката, помеѓу претставници на Ј-4 на ГШ на АРМ и Ј-4 на ГШ на Вооружените сили (ВС) на Република Словенија. Целта на разговорите е запознавање со структурата на логистиката во АРМ, мисија, состав, улога на органите по логистика во подготовки на…

Работилница за родова перспектива со командантите на баталјони во АРМ

Во текот на денешниот и утрешниот ден во Домот на АРМ во Скопје се одржува работилница за родова перспектива со командантите на баталјони во АРМ. Работилницата, која е во организација на Генералштабот на АРМ, ја обработува темата на имплементацијата на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедноста на ОН и истата се насочува кон потребата за…

Учество на ЗНГШ на АРМ на годишен состанок на заменици на началници на Генералштабови на армиите од земјите-членки на СЕДМ процесот

Во период од 03 до 05-ти јуни во Тирана, Р. Албанија, заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на годишниот состанок на замениците на началници на Генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу Министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ). На состанокот учесниците од земјите-членки и претставниците од меѓународните…

Годишен состанок на началници за логистика на земјите-членки на А5 потписници на Јадранска повелба

Во период од 2-ри до 5-ти јуни, во Домот на АРМ во Скопје се реализира годишен состанок на началниците за логистика на земјите членки на А5 потписнички на Јадранската повелба. На состанокот присуствуваа началниците за логистика од армиите на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Хрватска, претставници од Армијата на САД –…

Учество на заменикот на началникот на ГШ на АРМ на деветтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји

Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, денес учествува на деветтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која се одржува во Будва, Црна Гора. На конференцијата во Будва, покрај началникот на ГШ на Војската на Црна, адмирал Драган Самарџиќ како домаќин, ќе учествуваат и началниците на генералштабови од…