Командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј во официјална посета на АРМ

Од денес, во тридневна официјална посета на АРМ престојува висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј на кого домаќин му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. При денешната посета на Генералштабот на АРМ и Министерството за…

Одржана деветнаесеттата Конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Денес, 17-ти септември 2015 година (четврток), во хотелот Гранит во Охрид, се одржа деветнаесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5). Конференцијата ја отвори Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, а покрај началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија…

Посета на делегација на Војската на Република Србија на ГШ на АРМ и Командата за обука и доктрини

Во рамките на билатерална соработка на АРМ со Војската на Република Србија, вчера и денес (17.09.2015 година), во посета на Ј-7 на ГШ на АРМ и Командата за обука и доктрини (КОД), престојува делегација на Војската на Република Србија, предводена од бригаден генерал Маринко Павловиќ. Целта на посетата е размена на искуствата и согледување на…

Министерот Јолевски го отвори меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“

Денес, 12-ти септември 2015 година (сабота), во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“. На отварањето на турнирот присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од…

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот и одбранбеното аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија

Денес, 11-ти септември 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Н.Е Чарлс Герет и Одбранбеното аташе потполковник Ричард Пери. На средбата, генералот Величковски и амбасадорот Герет ја истакнаа одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Обединетото Кралство. Тие ги изразија…

Свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници во касарната „Илинден“ во Скопје

Денес (7-ми септември 2015 година) во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници во АРМ. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски и други гости од МО и АРМ.…

НГШ на АРМ и командантот на ЗОК ги посетија припадниците на инженерискиот баталјон ангажирани во село Порој, Тетовско

Денес (2-ри септември 2015 година), началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски ги посетија припадниците на инженерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, Тетовско. Во присуство на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и заменикот на…

Министерот за одбрана, НГШ на АРМ и командантот на ЗОК ги посетија припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски и со командантот на ЗОК, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски денес ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија, распоредени на јужната граница. Главна цел на Армијата е да даде поддршка на државните институции односно на граничната полиција и на…