Проштална средба на НГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Словачка

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари проштална средба со полковник Јозеф Виставел, нерезидентно одбранбено аташе на Република Словачка за Република Македонија и запознавање со новоназначеното одбранбено аташе, полковник Бранислав Пилиар. На средбата генералот Величковски се заблагодари на полковник Виставел за досегашниот негов ангажман во унапредување на билатералните односи помеѓу двете пријателски армии,…

Посета и евалуација на декларираните единици од АРМ од Командата на бригадата на Југоисточна Европа

На денешната средба помеѓу Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на бригадата за Југоисточна Европа (South Eastern Europe Brigade-SEEBRIG), бригаден генерал Нуман Једијилдиз високо се оцени придонесот кој го дава АРМ со своето учество на декларираните единици во бригадата. Командантот на SEEBRIG покрај средбата со НГШ оствари средба и со заменик…

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов ги посети единиците на АРМ на јужната граница во реонот на Дојран

Денес (14.11.2015 година), Претседателот на Република Македонија и Врховниот командант на вооружените сили Ѓорге Иванов изврши обиколка и увид во реализирањето на задачите од страна на единиците на АРМ на јужната граница на Република Македонија, во реонот на Дојран, подрачје кое е зафатено со мерките за кризна состојба. Претседателот Иванов за време на обиколката, беше…

Свечено одбележан Денот на баталјонот за почести

Баталјонот за почести (бП), денес во касарната „Илинден“, Скопје со воена свеченост го прослави 11-ти ноември – Ден на единицата. На свеченоста присуствуваа:заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, заменик командант на Здружената оперативна команда бригаден генерал Павле Арсоски, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, претставници…

Одбележан денот на Центарот за електронско извидување

Денес во касарната „Гоце Делчев“ Скопје со воена свеченост беше одбележан 9-ти ноември, Денот на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ) од составот на Генералштабот на АРМ. Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, за ден на ЦЕИ е одреден 9-ти Ноември, датум кога е формиран родот Електронско извидување и…

Средба на НГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Јапонија

Денес, 5-ти ноември 2015 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Таки Јошимаса, одбранбено аташе на Јапонија во Република Македонија. На средбата се разговараше за можностите и облиците за остварување на понатамошна билатерална соработка помеѓу АРМ и Одбранбените сили на Јапонија, достигнувањата на АРМ во полето на одбраната и…

НГШ на АРМ оствари средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија

Денес, 5-ти ноември 2015 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со д-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). На средбата која е прва од ваков вид од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, се разговараше за можностите за соработката на АРМ и ССМ во однос на…

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот на Руската Федерација

Денес, 29-ти октомври 2015 година, во рамки на протоколарните средби со дипломатските претставници акредитирани во Република Македонија, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербаг. Притоа се разговараше за можностите и активностите кои би биле вклучени во Планот за билатерална воена соработка…

Средба на началникот на ГШ на АРМ со командантот на КФОР

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, денес (26-ти октомври), оствари средба со командантот на КФОР генерал-мајор Гуљелмо Луиѓи Миљета кој престојуваше во официјална посета на ГШ на АРМ. За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Миљета беше примен и од министерот за одбрана Зоран Јолевски. На средбата со НГШ на АРМ…