Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2015 година пред Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов

Денес 26-ти јануари, во Генералштабот на АРМ во Скопје, пред Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов се одржа брифинг на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски за борбената готовност на Армијата за 2015 година. На брифингот присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Заменикот на министерот за…

Учество на НГШ на АРМ на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес учествува на состанок на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите членки на НАТО и земјите контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан кој се одржува во командата на НАТО во Брисел. Фокусот на средбата е запознавање на началниците на…

Одбележување на осум години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

По повод навршувањето на осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, на спомен обележјето кај катлановско Блаце положија венци со свежо цвеќе, министерот Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај заедно со делегации на: Министерството за одбрана и генералштабот…

Посета на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов на припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, во придружба на Министерот за одбрана на Р. Македонија Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани на јужната граница. При денешната традиционална посета на првиот ден од новата…

Со Указ на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили унапредени тројца старешини на АРМ во генералски чинови

Со Указ на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, во повисоки чинови унапредени се следните старешини на АРМ: во чин генерал мајор е унапреден бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, во чин бригаден генерал унапредени се полковниците Мирче Ѓоргоски и Зоран Милески. Пред стројот на единиците чии команданти се унапредените, и во Генералштабот…

Традиционална поделба на новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец

Традиционално и оваа година со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, пристигна и подели новогодишни пакетчиња најомилениот новогодишен лик кај најмладите – Дедо Мраз. Тој им подари новогодишни пакетчиња на децата на загинатите припадници на воздухопловната бригада и на деца на вработени во оваа…

Осмо армиско првенство во крос-кантри трчање во касарната „Чојлија“ во Петровец

Во организација на Генералштабот на АРМ по осми пат пред новогодишните празници традиционално се одржа армиско првенство во крос-кантри трчање. На годинешното армиско првенство во крос-кантри својата физичка подготвеност во оваа дисциплина ја покажаа повеќе од 50 натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ. Натпреварувањето се реализира на патеката во касарната „Чојлија“ во Петровец,…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на Трансформација на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски во период од 08.12-10.12.2015 година учествуваше на овогодинешната НАТО конференција на Началниците на трансформација (Chiefs of Transformation Conference – COTC). Конференцијата се одржа во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк, Вирџинија, Соединетите Американски Држави, и на неа учествуваа претставници од…

Обука со персоналот за односи со јавноста од страна на НАТО мобилен тренинг тим

„Транспарентноста, веродостојноста на информациите и активната комуникација е основа на мисијата на армиските односи со јавноста во поддршка на командантите“ е главната порака искажана од страна на претставниците на НАТО мобилниот тренинг тим (МТТ) за време на обуката која се реализира во Домот на АРМ во Скопје, во период од 09.12 до 11.12.2015 година. На…