Бригадата за логистичка поддршка го одбележа Денот на единицата

Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) со воена свеченост го одбележа Денот на единицата. Согласно правилото за воен протокол покрај историскиот осврт за денот на единицата пригодни обраќања кон присутните имаа командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и заменик на командантот на брЛП. На свеченоста присуствуваа: Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес (18-ти мај) учествуваше на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во сесија на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. На средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, на две одвоени сесии се разгледаа прашања за…

Забележителни резултати на припадници на АРМ на меѓународниот турнир во стрелаштво „Гран При Скопје – 2016“

Припадници од Армијата на Република Македонија традиционално и оваа година учествуваа и постигнаа забележителни резултати на десеттиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје – 2016“ кој се одржа денес на стрелиштето „Камник“ во Скопје. Турнирот кој е помеѓу поголемите и атрактивни годишни натпревари во стрелаштво во Европа е во организација на Македонската Меѓународна Стрелечка…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на ГШ на балканските земји

Делегацијата на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски денес (11.05.2015 година) учествуваше на конференција на Началниците на ГШ на балканските земји (Balkan Countries’ CHODs Conference). Десеттата по ред конференцијата на НГШ на балканските земји се одржа во Истанбул, Република Турција и на неа учествуваа началниците на генералштабови…

Примопредавање на должност командант на воздухопловна бригада

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се изврши примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада (вбр), од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) од АРМ. Командувањето со вбр, досегашниот командант полковник Кире Колевски кој е на чело на оваа единица од 2008 година, му го предаде на полковник Роберт Малезански кој досега ја извршуваше должноста…

Делегација на Вооружените сили на Унгарија во посета на АП „Криволак“ и јужната граница

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Унгарија предводена од генерал Тибор Бенко, придружувана од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, за време на денешната посета на караулата „Богородица“ се запозна со актуелната состојба на јужната граница поврзана со мигрантската криза. Пред делегацијата беа презентирани и дел од активностите кои АРМ ефективно ги спроведува…

Началникот на ГШ на ВС на Унгарија во официјална посета на АРМ

Високата воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Унгарија генерал Тибор Бенко, која се наоѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија денес престојуваше во Генералштабот (ГШ) на АРМ. Делегацијата придружувана од амбасадорот на Унгарија во Република Македонија НЕ Јожеф Бенце…

Посета на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција и одбележување на помен за загинатите припадници во Вејце

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денес во касарната „Илинден“ остварија посета на припадниците на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција при што проследија дел од активностите на припадниците на овие единици. Присутните ги проследија…

НГШ на ВС на Словачката Република во посета на единиците на АРМ на јужната граница на Република Македонија

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република предводена од генерал Милан Максим во текот на денешниот ден по средбата со Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов ја посети јужната граница на Република Македонија. Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата…