Средба со штабните офицери по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кои ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамки на командата за обука, советување и асистенција – Север. Штабните офицери на…

АРМ го одбележа 24-от роденден

Припадниците на Армијата на Република Македонија, со особена чест и достоинство денес го одбележаа Денот на АРМ. АРМ го прославува 24-тиот роденден извршувајќи ги со посветеност задачите во погодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион, на јужната граница, во касарните, но и илјадници километри оддалечени од татковината во мировните мисии. Нека е честит роденденот на…

Полагање венци свежо цвеќе по повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ

По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на градските гробишта во Бутел во Скопје, пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ…

Примопредавање на должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка

Во командата на бригадата за логистичка поддршка во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка, од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ. Должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка ја прими полковникот Васко Тошевски, кој досега ја извршуваше должноста на Началник на Ј-4 секцијата (логистичка поддршка) во Здружената оперативна…

Припадниците на АРМ неуморни на терен во справувањето со последиците од невремето

Припадниците на АРМ се активно вклучени во расчистувањето на теренот по катастрофалната поплава што викендов го зафати скопскиот регион. Војниците помагаат при расчистување на дворовите, улиците, како и при доставувањето на неопходните работи до најпогодените подрачја. Во справување со последиците предизвикани од невремето АРМ постојано е на терен во најпогодените подрачја припадниците на АРМ во…

АРМ и МО им одаде почит на загинатите припадници на АРМ во Љуботенски бачила

По повод навршување на петнаесет години од загинувањето на осум припадници од резервниот состав на АРМ, делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, со полагање на венци со свежо цвеќе на споменикот на бранителите во с. Љубанци им одаде почит на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила. Во…

Делегациja на АРМ и МО им одаде почит на загинатите припадници на АРМ кај Карпалак

Делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, по повод навршувањето на петнаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата на Република Македонија, положи венци со свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак. Петнаесет годишнината од несреќата се одбележа и во Прилеп, каде делегација на Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ…

Армијата на Република Македонија ги ангажира сите потребни капацитети во справување со последиците од големото невреме кое го зафати Скопје и околината

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили на Република Македонија Ѓорге Иванов, заради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје и околината издаде наредба за ставање на сите потребни капацитети на АРМ во справување со последиците од невремето. Началникот на ГШ на АРМ веднаш нареди ангажирање на дел од…