Началникот на ГШ на АРМ во посета на Вооружените сили на Република Чешка

Делегацијата на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски, се наоѓа во тридневна работна посета на Вооружените сили (ВС) на Република Чешка. Генералот Величковски во текот на посетата оствари работни состаноци со началникот на ГШ на ВС на Република Чешка генерал Јозеф Бечвар и со заменик на министерот…

АРМ ги отстрани карпите кои претставуваа опасност во реонот на село Шипковица

Согласно побарувањата на општината Тетово, а врз основа на одлуката на Министерството за одбрана, денес припадниците на Инженерискиот баталјон од составот на Армијата на Република Македонија со контролирана експлозија извршија минирање на четири карпи во реонот на селото Шипковица. За извршување на денешната активност претходеа детални процени и подготовки. Со поставување на сериски поврзан експлозив…

Средба со штабните офицери по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кои ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамки на командата за обука, советување и асистенција – Север. Штабните офицери на…

АРМ го одбележа 24-от роденден

Припадниците на Армијата на Република Македонија, со особена чест и достоинство денес го одбележаа Денот на АРМ. АРМ го прославува 24-тиот роденден извршувајќи ги со посветеност задачите во погодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион, на јужната граница, во касарните, но и илјадници километри оддалечени од татковината во мировните мисии. Нека е честит роденденот на…

Полагање венци свежо цвеќе по повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ

По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на градските гробишта во Бутел во Скопје, пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ…

Примопредавање на должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка

Во командата на бригадата за логистичка поддршка во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка, од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ. Должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка ја прими полковникот Васко Тошевски, кој досега ја извршуваше должноста на Началник на Ј-4 секцијата (логистичка поддршка) во Здружената оперативна…

Припадниците на АРМ неуморни на терен во справувањето со последиците од невремето

Припадниците на АРМ се активно вклучени во расчистувањето на теренот по катастрофалната поплава што викендов го зафати скопскиот регион. Војниците помагаат при расчистување на дворовите, улиците, како и при доставувањето на неопходните работи до најпогодените подрачја. Во справување со последиците предизвикани од невремето АРМ постојано е на терен во најпогодените подрачја припадниците на АРМ во…