Началникот на Генералштабот на АРМ во дводневна официјална посета на Армијата на Република Словенија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски, од денес престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Словенија. Во текот на денешниот ден по приемот со воени почести во Генералштабот на Армијата на Р. Словенија, генералот Величковски оствари средба со НГШ на Армијата на Република Словенија, генерал-мајор Андреј Остерман. На…

Натпреварувања во борење втор ден

Најдобрите светски борачи на 31-то Светско воено првенство На вториот ден од 31-то Светско првенство во борење борбите станува се поинтересни. Квалитетот на ова светско првенство го потврдува и фактот дека на оваа првенство учествуваат повеќе натпреварувачи кои се носители на медали од Олимписки, светски и Европски првенства. Нивните достигнувања беа потврдени и на денешните…

Натпреварувања прв ден

За прв пат во независна и суверена Република Македонија се одржува Светско воено првенство во борење. Македонскиот боречки тим во периодот од 21-25 септември во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе има можност да ги одмери силите со боречки тимови од 32 нации од 4 континенти. Утрово во прелиминарните-квалификациони натпревари македонскиот боречки тим настапи со неколку…

Свечено отворање на 31-то Светско воено првенство во борење

Во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“ свечено се отвори 31-то Светско воено првенство во борење кое ќе се одржува во периодот од 21-25 септември. На отворањето на првенството присуствуваа: претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски и командантот на националната гарда…

Посета на АРМ од страна на Директорот за меѓународна безбедносна политика на МО на Обединетото Кралство

Во Генералштабот на АРМ, денес заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај оствари средба со директорот за меѓународна безбедносна политика на Министерството за Одбрана на Обединетото Кралство (ОК), г. Ник Гур кој се наоѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија. На средбата се разговараше за повеќе прашања, поврзани со можностите за…

Посета на делегација на НГ на Вермонт на јужната граница

Делегацијата на националната гарда (НГ) на Вермонт, предводена од генерал-мајор Стивен Креј, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на денешниот ден ја посетија јужната граница на Република Македонија. На караулата „Богородица“ и во реонот околу граничниот камен 59, делегацијата се запозна со активностите и начинот со кој припадниците на…

Годишна награда Ѓорче Петров 2016 за АРМ

По повод 20 септември, Денот на одбележувањето на 100 години од создавање на населбата и дваесет години локална самоуправа Ѓорче Петров, претставници од АРМ присуствуваа на свечената седница за доделување на годишната награда „Ѓорче Петров 2016“. Градоначалникот на локалната самоуправа, Сокол Митровски по тој повод додели плакета на Армијата на Република Македонија за посебен општествен…

Командантот на националната гарда на Вермонт во официјална посета на АРМ

Високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј ја отпочна официјалната посета на АРМ. По приемот во Генералштабот (ГШ) на АРМ од страна на неговиот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, се реализира работен состанок. На состанокот,…

Предавање на претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во Воената Академија „генерал Михаило Апостолски“

Со предавање од страна на претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, во Воената Академија генерал Михаило Апостолски во касарната Гоце Делчев во Скопје, се отвори академската година на питомците и студентите на Воената Академија. Претседателот Иванов во своето предавање на тема „Геополитичка и геостратегиска положба на Република Македонија…