Претседателот Иванов во првиот ден од 2017 меѓу припадниците на АРМ во армискиот склад „Еребино“

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници. Претседателот Иванов оваа година го посети армискиот слад „Еребино“, каде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски им ја…

Посета на учениците од основни училишта во Стајковци и Ченто

Припадниците на Армијата на Република Македонија од касарната „Илинден“ во Скопје беа меѓу првите кои беа ангажирани во ублажување на последиците од летните катастрофални поплави кои го зафатија скопскиот регион. Искажаната несебичност и давање на максимумот од своите потенцијали при ангажирањето, единиците на АРМ продолжуваат да го покажуваат преку постојано внимание кон најмладите од овој…

Доделени новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец

Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња. Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од АРМ, со цел поделба на новогодишни…

Годишна конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ

Главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија на денешната годишна конференција во Домот на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантите на командите и единиците на АРМ брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ. Генералот Величковски симболично првпат во АРМ изврши…

Работна средба на НГШ на АРМ со генералите на Армијата на Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и генералите во Армијата на Република Македонија остварија работна средба со поранешните началници на генералштабот и пензионираните генерали на АРМ. Цел на оваа работна средба која се одржува традиционално на крај од годината е информирање за реформските процеси во АРМ, понатамошните планови и активности за следната година,…

Протоколарна средба на НГШ на АРМ со новоназначеното одбранбено аташе на Украина

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Украина акредитиран за Република Македонија, полковник Андриј Мирошниченко. Тема на денешните разговори во Генералштабот беше досегашната билатерална соработка во областа на одбраната меѓу двете армии како и продолжување на соработката од областа на одбраната посебно во доменот на…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на Трансформација на НАТО

Делегацијата од Армијата на Република Македонија предводена од Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски денес го завршува учеството на НАТО конференцијата на Началниците на трансформација, која се одржува во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк – Вирџинија, Соединетите Американски Држави. Усогласување на трансформациските процеси на армиите…

Пред Врховниот командант на Армијата презентирана актуелната безбедносна состојба на јужната граница во реонот на Гевгелија

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во текот на денешниот ден ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани на јужната граница во реонот на Гевгелија. Претседателот Иванов на брифингот одржан во Оперативниот центар од страна на…

Средба на ЗНГШ на АРМ со делегација од Косовските безбедносни сили

Во Генералштабот на АРМ, заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај оствари средба со делегација од Косовските безбедносни сили која се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. На средбата се разговараше за повеќе прашања, поврзани со соработката помеѓу Косовските безбедносни сили и Армијата на Република Македонија. Генералот Рацај…