Средба на НГШ на АРМ со Гувернерот на Вермонт и посета на универзитетот „Норвич“ и Центарот за менаџмент со кризи на Вермонт

„Како резултат на партнерската Програма за соработка која успешно се спроведува повеќе од две декади со активно инволвирање на националната гарда (НГ) на Вермонт и Универзитетот Норвич во полето на воената обука и образование, е денешното искрено пријателство помеѓу Република Македонија и Сојузната Држава на САД, Вермонт“. Ова е истакнато од страна на НГШ на…

Делегација на АРМ во официјална посета на Националната Гарда на Вермонт

Делегацијата на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на вчерашниот ден (18.04.2017 год.) ги започна планираните активности во рамки на работната посета на сојузната држава на САД-Вермонт. Во склоп на агендата на првиот работен ден генералот Величковски оствари средба со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на…

Командата за обука и доктрини го одбележа Денот на единицата

Во касарната ,,Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод денот на Командата за обука и доктрини (КОД). Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, 15-ти април е одреден, како ден на Командата за обука и доктрини. Тоа е датумот кога…

Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Докажаната доверба од досегашните заеднички активности и позитивните резултати од соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили на САД за Европа, како и учество на меѓународните вежби поддржани од оваа команда беше тема на разговорите на денешната посета на АРМ од страна на заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти…

Со воена свеченост припадниците на 1 механизирана пешадиска бригада го одбележаа денот на единицата

Припадниците на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од Армијата на Република Македонија на достоинствен начин со прикладна воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го одбележаа денот на бригадата. Денот на единицата, определен со одлука на Претседателот на Република Македонија е потсетување на денот кога 1.мпбр со достигнувањето на оперативната готовност ги презеде задачите…

Одбележување на 25 години од формирањето на ГШ на АРМ

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со активностите и функцијата на раководење со армијата. Од страна на првиот началник на ГШ на АРМ генералот во пензија Митре Арсоски, пред раководните старешини се даде краток историски осврт за тогашниот период, кога…

АРМ одбележа 25 години од преземањето на касарната „Илинден“

Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето, во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележа преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА. На воената свеченост по пречекот на државното знаме и знаменосниот вод, пред ешалоните на единиците на АРМ кои се…

Состанок на работната група за имплементација на дваесет и првата Конференција на НГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Армијата на Република Македонија со денешниот прв состанок на групата за имплементација ги отпочна подготовките за претстојната дваесет и прва Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5). На денешниот состанок кој се одржа во Скопје, покрај припадници на АРМ како домаќин, присуствуваа претставници од армиите на САД…

Потврдена соработката на АРМ со Еурокомпозит од Прилеп

На денес одржаната средба помеѓу ГШ на АРМ и раководството на наменската компанијата „11Октомври-Еурокомпозит“ во Прилеп се разговараше за можностите за соработка помеѓу АРМ и оваа компанија за наменско производство на композитни материјали за воена и воено полициска опрема. На состанокот на кој покрај НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа и генерал-мајор Димче Петровски…