Одбележување на 25 години од формирањето на ГШ на АРМ

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со активностите и функцијата на раководење со армијата. Од страна на првиот началник на ГШ на АРМ генералот во пензија Митре Арсоски, пред раководните старешини се даде краток историски осврт за тогашниот период, кога…

АРМ одбележа 25 години од преземањето на касарната „Илинден“

Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето, во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележа преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА. На воената свеченост по пречекот на државното знаме и знаменосниот вод, пред ешалоните на единиците на АРМ кои се…

Состанок на работната група за имплементација на дваесет и првата Конференција на НГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Армијата на Република Македонија со денешниот прв состанок на групата за имплементација ги отпочна подготовките за претстојната дваесет и прва Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5). На денешниот состанок кој се одржа во Скопје, покрај припадници на АРМ како домаќин, присуствуваа претставници од армиите на САД…

Потврдена соработката на АРМ со Еурокомпозит од Прилеп

На денес одржаната средба помеѓу ГШ на АРМ и раководството на наменската компанијата „11Октомври-Еурокомпозит“ во Прилеп се разговараше за можностите за соработка помеѓу АРМ и оваа компанија за наменско производство на композитни материјали за воена и воено полициска опрема. На состанокот на кој покрај НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа и генерал-мајор Димче Петровски…

Одбележување на 25 години од преземањето на првата караула „Рамна Нива“ и ден на командата на Резервни сили на АРМ

На караулата „Рамна Нива“ во присуство на врховниот командант на вооружените сили Н.Е Ѓорге Иванов и НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, со воена свеченост се одбележаа 25 години од подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница, кој воедно е ден на Командата за резервни сили (КРС) на АРМ. Во годината кога се…

Делегација на АРМ во посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ која престојува во официјална посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (УСАРЕУР – Unated States Army Europe), во Визбаден, СР. Германија. Во текот на денешниот ден, НГШ на АРМ оствари средба со командантот на УСАРЕУР, генерал-потполковник Фредерик…

Со воена свеченост полкот за специјални операции (пСО) го одбележа денот на единицата

По повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) во касарната ,,Илинден“ во Скопје се одржа воена свеченост. Командантот на пСО, бригаден генерал Орце Јордев во своето излагање пред присутните се осврна на историскиот развој на единицата, која 23 години од нејзиното формирање постигнува врвни резултати за што најдобар доказ се високите оцени и голем…

Делегација на АРМ во официјална посета на командата на косовските безбедносни сили

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, се наоѓа во еднодневна официјална посета на командата на косовските безбедносни сили (КБС) во Приштина. Во рамки на посетата која се реализира како резултат на редовните плански активности на АРМ, се остварија средби и разговори со министерот на…

Средба со штабните офицери по повод заминувањето во мисијата „Одлучна поддршка“

Денес во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан беа примени од страна на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Мухамет Рацај. За време на средбата на персоналот кој…