Финални спортски натпревари по повод Денот на Армијата

Во пресрет на одбележувањето на 18-ти Август, Денот на Армијата, денес на воениот стадион во Градскиот парк, со постројување на екипите од командите и единиците на Армијата од гарнизоните низ Републиката,  свечено беа отворени финалните спортски натпревари. Учесниците ќе се натпреваруваат во крос трчање, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг понг, а победниците во…

Армијата и МО им одадоа почит на загинатите припадници на Армијата кај Љуботенски Бачила

Во рамки на одбележувањето на осумнаесет годишнината на осумте загинати воени обврзници кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана, положи цвеќе пред спомен обележјето во село Љубанци и спомен плочата во касарната „Илинден“ во Скопје. Исто така, почит на загинатите бранители им беше оддадена и пред споменикот…

Одадeна почит на загинатите припадници на Армијата кај Карпалак

По повод навршување на осумнаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата, висока воена делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана, положи венци со свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.   Во знак на почит, осумнаесет  годишнината од загинувањето на десетте припадници се одбележа и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп, каде делегации…

Средба на началникот на генералштабот со амбасадорката на Соединетите Американски Држави

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, Н.Е Кејт Мери Брнс.   На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе на САД, полковник Тимоти Бјукен, се разговараше за одличната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД,…

Достоинствено одбележување на двата историски Илиндена од страна на Армијата

По повод Денот на Републиката – 2 Август, Илинден, Армијата достоинствено се вклучи во одбележување на 116 години од Крушевското востание и 75 години од првото заседание на АСНОМ. Високи воени делегации на Армијата со полагање на свежо цвеќе и воени почести во Скопје, Пелинце и Крушево, учествува во чествувањето на националниот празник. Делегација предводена…

Првата редовна класа офицери го одбележа јубилејот 20 години од промовирањето

Првата редовна класа офицери од генерацијата 1995-1999 година, заедно со дел од тогашните професори и командири, денес во Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, во касарната Гоце Делчев, на заеднички собир со еден наставен час, ги одбележаа јубилејните 20 години од своето промовирање во почетниот офицерски чин. На собирот пред офицерите од оваа класа присуствуваа и…

Примопредавање на должност командант на прва механизирана пешадиска бригада

Врз основа на донесените Укази на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денес во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки ја прими полковник Бесник Емини, кој…

Прием кај заменик на началникот на генералштабот на новоназначеното одбранбено аташе на Република Србија

Заменикот на началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе акредитиран во Република Северна Македонија. Генералот Нуредин упати честитки по повод назначувањето на полковник Стеван Котaрлиќ, кој оваа должност ќе ја извршува во наредниот период. Во рамки на средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете армии,…

Началникот на генералштабот во посета на вооружените сили на Република Хрватска

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во рамки на официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, денес во Загреб оствари средби со министерот за одбрана, господин Дамир Крстичевиќ и со својот домаќин, началникот на генералштабот, генерал Мирко Шундов. По пречекот со високи воени почести, Генералот Ѓурчиновски најпрвин во министерството за одбрана…