Заедничка показна вежба на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија

Долгогодишната соработка на Армијата на Република Македонија (АРМ) со Црвениот Крст на Република Македонија (ЦК на РМ), уште еднаш дојде до израз на денешната заедничка вежба за животоспасувачи. На вежбата која се реализира како дел од активностите за одбележување на 25 години од постоењето на АРМ, се покажа високо ниво на координирани активности на припадниците…

Средба на НГШ на АРМ со новоназначеното одбранбено аташе на Република Хрватска

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес оствари работна средба со новоназначеното одбранбено аташе на Република Хрватска акредитиран во Република Македонија, полковник Маријана Плеша Радониќ. Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Маријана Плеша Радониќ и посака срдечно добредојде во Република Македонија како и продолжување и продлабочување на одличната меѓусебна билатерална соработка. За…

Слушатели на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во посета на ГШ на АРМ

Слушателите на Курсот за високи воени и цивилни службеници на Кралскиот колеџ за одбранбени студии од Лондон, Обединето Кралство во рамки на нивното студиско патување во Република Македонија, денес остварија работна средба со заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Мухамет Рацај. За време на денешната средба во Генералштабот слушателите на Курсот за високи воени службеници на…

Свечено одбележан денот на Бригадата за логистичка поддршка

На денешната воена свеченост припадниците на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) го одбележаа денот на единицата и значењето на логистичките единици во Армијата на Република Македонија. Ова беше нагласено во говорите кои пред присутните ги имаа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески и командантот на брЛП, полковник Васко Тошевски. Помеѓу останатото…

Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски учествуваше на конференција на воениот комитет на НАТО на ниво началници на генералштабови од земјите членки на НАТО и учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ (ОП) во Авганистан, која се одржа денес (17.05.2017) во командата на НАТО во Брисел. На делот од конференцијата во формат на земји учесници…

Учество на логистичка вежба на командно место „LOGEX 17“

Припадници на Армијата на Република Македонија од ГШ на АРМ и потчинетите команди и единици кои извршуваат должности од доменот на логистиката го завршија учеството на логистичка вежба на командно место „LOGEX 17“ која се одржа во периодот од 8-19 мај во Тирана, Република Албанија. Вежбата има мултинационален пристап во процесот на планирање и поддршка…

Методско огледна вежба „Употреба на минско експлозивни средства за наменски задачи во АРМ“

Баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции (пСО) и инженерискиот баталјон од составот на 1-та Механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) на Армискиот полигон „Криволак“ реализираа заедничка методско огледна вежба „Употреба на минско експлозивни средства за наменски задачи во АРМ“. Како прва точка на вежбата беше демонстрирано „Рушење на елементи и материјали“ каде…

Забележителни резултати на припадници на АРМ на меѓународниот турнир во стрелаштво „Гран При Скопје-2017“

Припадници од Армијата на Република Македонија успешно ги покажаа вештините во стрелаштво стекнато низ 25 годишното постоење на АРМ со учеството на единаесеттиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје-2017“ кој се одржа денес на стрелиштето „Камник“ во Скопје. Во име на Началникот на Генералштабот на АРМ, турнирот го отвори командантот на полкот за специјални…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на ГШ на балканските земји

Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски учествуваше на единаесетта по ред конференција на Началниците на ГШ на балканските земји, која се одржа денес (10.05.2017 година) во Атина, Република Грција. Темите на дискусија на конференцијата беа пред се поврзани со севкупната геополитичка стабилност во југоисточна Европа и облиците на меѓусебната воена соработка во справување со…