Работен состанок со канцеларијата за врски на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски одржа работен состанок со шефот на канцеларијата за врски на НАТО, морнаричкиот капетан Горазд Бартол на која присуствуваше перосналот од канцеларијата и началникот на одделението за меѓуармиска соработка во ГШ и главниот подофицер во АРМ. На состанокот, капетанот Бартол ги запозна присутните со тековните активности на канцеларијата…

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија за Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари работна средба со полковник Ахмет Лека, нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија за Република Македонија. На средбата генералот Величковски изрази честитки за поставувањето на бригадниот генерал Бардил Колчаку за нов НГШ на вооружените сили на Албанија, воедно на полковникот Лека му посака успешно извршување на задачите…

Средба НГШ на АРМ со нерезидентно одбранбено аташе на Канада за Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денес во ГШ на АРМ оствари средба со ново назначеното одбранбено аташе на Канада за Република Македонија, полковник Роланд Лавоие. Генералот Величковски најпрвин му го честита на полковникот Лавоие поставувањето на оваа должност притоа посакувајќи успешно извршување на задачите кои ќе ги извршува како нерезидентно аташе со…

Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили и МО на БиХ и Алтеа

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски кој се наоѓа во дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, денес во Сараево оствари официјални средби на највисоко ниво со Началникот на здружениот штаб на вооружените сили (ВС), министерката за одбрана на Б и Х и командантот на мисијата ЕУФОР-Алтеа. Најпрвин по пречекот со високи воени…

Отворање на вежбата „Здружена реакција-17“

Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и aрмискиот полигон „Криволак“ започна со реализација теренската вежба „Здружена реакција-17“. На отворањето на вежбата, Командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески пред учесниците на вежбата истакна: „Во основата на оваа, како што и нејзиното име имплицира, здружена вежба, стои нашата заедничка способност за взаемна и…

Припадниците на инженерискиот баталјон ја завршија изградбата на дрвениот мост во село Порој

Припадниците на инженерискиот баталјон од првата механизирана пешадиска бригада уште еднаш ги ставија на располагање своите вештини во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти, во случајот со целосна изградба на нов дрвен мост во село Порој, општина Тетово. Во соработка со локалната самоуправа и месното…

Посета на дел од единиците на АРМ од страна на претставници на Националната Гарда на Вермонт, САД

Во рамките на неколкудневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија од страна на високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, се остварија обиколки и посети на дел од единиците на АРМ. Посетите на воени бази, школски центри и различните форми на обука се едни од…

Посета на командантот на Националната Гарда на Вермонт на Армијата на Република Македонија

Со приемот кај Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј ја отпочна официјалната посета на Република Македонија. За време на приемот генералите Величковски и Креј го истакнаа значењето на одличната воена…

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбениот аташе на Романија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со ново назначениот резидентен одбранбен аташе на Романија, акредитиран во Република Македонија, потполковник Валентин Стримбесчи. На средбата, генералот Величковски на потполковникот Стримбесчи му посака срдечно добредојде во Република Македонија и интензивирање на билатералната соработка меѓу армиите на двете земји во областа на одбраната која ќе…