Ден за посетители на техничко гаѓање на цели во воздушен простор „Предизвик 2017“

Во рамки на активноста за реализација на техничко гаѓање на цели во воздушен простор (ВоП) „Предизвик 2017“ на армискиот полигон (АП) „Криволак“, беше реализирана програма за Денот за високи гости на која присуствуваа: Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, НЕ Д-р Милан Јазбец, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески, командантот…

Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

Како една од активностите со кои Армијата на Република Македонија одбележува 25 години од своето формирање, денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, Здружената Оперативна Команда (ЗОК), со воена свеченост го прослави денот на единицата. Припадниците на најголемата оперативна команда на АРМ со пригодна програма на достоинствен начин го одбележаа овогодишниот јубилеј, а како носители…

Експертски разговори со претставници од Министерството за одбрана и Вооружените сили на Република Словенија

Врз основа на претходно договорена соработка, во работна посета на Армијата на Република Македонија од 9 до 11 октомври престојува експертски тим од министерството за одбрана на Република Словенија и претставник од невладината организација „The international trust for demining and mine victims assistance“. Темите на овие експертски разговори на кои учествуваат претставници од Генералштабот на…

Тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“

Армијата на Република Македонија со изведба на тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“, на Армискиот полигон Криволак, го прикажа нивото на обученост и извежбаност на своите припадници во извршување на офанзивни операции на поголеми здружени состави од повеќе единици на АРМ. Приказот на мерките и процедурите во извршување на во…

Делегација на КФОР во работна посета на ГШ и МО на РМ

Делегација на КФОР предводена од командантот на мисијата, генерал-мајор Џовани Фунго денес престојуваше во еднодневна редовна работна посета на ГШ и МО на РМ. Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ја истакна одличната соработка помеѓу АРМ и силите на КФОР. На средбата со НГШ на АРМ стана збор за безбедносната состојба во регионот,…

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со одбранбеното аташе на Кралството Белгија за Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новото нерезидентно одбранбено аташе на Кралството Белгија за Република Македонија, полковник Ивес Кувелиер. Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Кувелиер му посака срдечно добредојде во Република Македонија при што побара зајакнат ангажман во контекст на билатерална соработка на двете армии на полето на…

Заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета на АРМ во рамки на вежбата „Македонски Блесок-13“

Со вчерашните активности на теренската вежба „Македонски Блесок-13“, каде се изведуваа офанзивни дејства во текот на целиот ден, се изведување на последниот настан за оценување од главната листа на настани и инциденти, заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и ренџерската чета (рч). Реоценувањето на спбг и оценувањето на рч, согласно НАТО концептот за…

Состанок со воена делегација на меѓународниот воен штаб на НАТО

Воена делегација на меѓународниот воен штаб (МВШ) на НАТО предводена од бригаден генерал Мариан Јелиниевски, заменик директор на секторот за безбедност и соработка во МВШ, оствари посета на ГШ на АРМ, при што се реализира работен состанок со НГШ на АРМ и дел од раководните старешини. Најпрвин, генералот Јелиниевски оствари средба со началникот на ГШ…