Средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе за Република Македонија потполковник Егил Далтвеит. Генералот Ѓурчиновски упати честитки до потполковникот Далтвеит за назначувањето на новата должност, кој ќе ја извршува оваа задача со седиште во Белград, Република Србија. За време на средбата стана збор за досегашната…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Турција

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Република Турција за Република Македонија, полковник Бурхан Урек. На средбата, стана збор за досегашната воена соработка помеѓу двете армии и согледување на можностите за интензивирање на истата во наредниот период, во склоп на искажаните заеднички потреби. Генералот Ѓурчиновски изрази благодарност…

Збогатување на соработката на АРМ со Вооружените сили на Република Италија

Во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, со потишување на технички аранжман за соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Република Италија, во рамки на операцијата на Обединетите Нации за поддршка на мирот „Унифил“ се збогати меѓусебната воена соработка и нашиот придонес во мировните операции. Техничкиот аранжман за соработка, во име на двете…

Учество на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски на дваесет и втората Конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

„Армијата на Република Македонија во досегашниот период со целосна посветеност придонесува во регионалната и меѓународна безбедност како да е полноправен член на НАТО Алијансата, што во целост ја отсликува стратегиската определба на Република Македонија за целосно интегрирање во евроатланските структури“, истакна началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски во своето излагање на дваесет и…

Ден за високи гости на вежбата „Предизвик 2018“

Во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2018“, која од 28-ми септември ја изведуваат припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија, денес на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ се одржа ден за високи гости. Резултатите од реализираните боеви гаѓања на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „Игла С“ и боеви…

Работилница за вежбата „Регекс 19“

Со отворањето на работилницата во хотел „Холидеj Ин“ и приемот на бригадниот генерал Рејнхард Клос кај заменикот на началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин започна планирачкиот процес за вежбата „Регекс 19“ во организација на НАТО. На отворањето на работилницата се обратија бригадниот генерал Рејнхард Клос, началник на Ј9 во Здружената команда на НАТО…

Прием кај НГШ на АРМ на новоназначеното одбранбено аташе на Република Словенија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски во присуство на амбасадорот на Република Словенија, Н.Е Милан Јазбец оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Словенија за Република Македонија, полковник Душан Тош и досегашното аташе полковник Дамјана Јурковиќ. За време на средбата, генералот Ѓурчиновски му ја честита новата должност на полковник Тош,…

Посета на Командантот на националната гарда на Вермонт на АРМ

Со денешниот прием кај Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј ја започна официјалната посета на Република Македонија. За време на приемот генералите Ѓурчиновски и Креј разговараа за одличната воена соработка…