Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Меѓусебната соработка и претстојните заеднички активности на АРМ и командата на копнените сили на САД за Европа (УСАРЕУР), беше главната тема на денешната средба во генералштабот на АРМ помеѓу НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и Заменик на командантот за прашања на националната гарда на копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Џон Гронски. На…

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Република Македонија, Црна Гора и Република Бугарија

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, заедно со членови на воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, изведоа незаборавен предновогодишен концерт, во Домот на АРМ во Скопје. Трилатералниот предновогодишен концерт го проследи највисокото државно и воено раководство меѓу кои: Претседателот на Владата на Република Македонија, министерката за одбрана,…

Посета на Началникот на Генералштабот на Црна Гора на АРМ

Делегацијата на војската на Црна Гора, предводена од Началникот на Генералштабот (НГШ), бригаден генерал, Драгутин Дакиќ, во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, денес имаше официјални средби во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ. НГШ на војската на Црна Гора, генералот Дакиќ, по пречекот со високи воени…

Посета на Армијата на Република Македонија од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции

Со посета на генералштабот на Армијата на Република Македонија започна дводневната обиколка на командите и единиците на АРМ од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции – Врховен штаб на сојузничките сили за Европа, команден наредник Давор Петек. По приемот кај началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, делегацијата од сојузничката…

11-то Армиско првенство во крос кантри трчање

Во организација на Генералштабот на АРМ, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа „11-то Армиско првенство во крос кантри трчање“, во должина од 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција. Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, на отворањето го истакна значењето на спортот, физичката подготвеност и кондиција за…

Средба на НГШ на АРМ со НАТО тимот за унапредување на образованието во одбраната

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес во генералштабот на АРМ одржа состанок со претставници на тимот од програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната (DEEP- Defense Education Enhancement Programme). На состанокот на кој присуствуваа претставници од меѓуармиска соработка, секциите за обука и персонал во ГШ на АРМ, главниот подофицер на…

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во УНИФИЛ

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски се наоѓа во дводневна посета на мисијата УНИФИЛ во Либан. По речиси 12 години учество на нашите мировници во мисијата УНИФИЛ во Либан ова е прва посета на делегација од Република Македонија во оваа мисија предводена од Обединетите Нации-таканаречени Сини шлемови. Началникот на Генералштабот…

Ден за високи гости на вежбата „Есенска Бура 18“

Припадниците на АРМ и МВР, кои учествуваа на здружената вежба „Есенска бура-18“, денес на Армискиот полигон „Криволак“, демонстрираа координиран настап при справување со ситуации и постапки поврзани со кризниот менаџмент. На денот за високи гости, специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од хеликоптерските единици, воената полиција, пешадиските единици, како и дирекцијата за заштита…

Годишна конференција за обука и вежби на АРМ

Во Генералштабот на АРМ, како дел од годишниот календар за обука, под раководство на секцијата за обука и вежби во ГШ на АРМ се одржа годишната конференција за обука на АРМ. Во рамки на конференцијата се разгледаа и координираа Плановите за обука и вежби за следната 2019 година, меѓуармиските активности како и оперативните побарувања за…