Новогодишен прием на семејствата на припадниците на АРМ упатени во меѓународните мировни мисии

Во Домот на АРМ во Скопје, се одржа новогодишен прием на семејствата на припадниците на АРМ упатени во меѓународните мировни мисии „Одлучна поддршка“, „АЛТЕА“ и „УНИФИЛ“. На денешниот прием, на кој присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски се поделија новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на…

Дедо мраз со хеликоптер додели новогодишни пакетчиња

Транспортен хеликоптер МИ-8/17, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија, пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“. По атрактивниот прелет и пристигнување, најомилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите…

Годишно реферирање пред НГШ на АРМ од потчинетите команди и единици

Согласно Планот за работа на ГШ на АРМ, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и началниците на секции во генералштабот на АРМ, на реферирање од страна на командантите на првопотчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, се запознаа со статусот на борбената готовност во единиците за 2018 година. На годишното реферирање кое…

Средба на НГШ на АРМ со командантот на командата на Здружени сили на НАТО во Неапол

Во рамки на посетата на Република Македонија, командантот на Командата на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Фого, денес оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. За време на средбата беше потврдено дека досегашната континуирана соработка на АРМ со Командата на Здружени сили на НАТО во Неапол и поддршката…

Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Меѓусебната соработка и претстојните заеднички активности на АРМ и командата на копнените сили на САД за Европа (УСАРЕУР), беше главната тема на денешната средба во генералштабот на АРМ помеѓу НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и Заменик на командантот за прашања на националната гарда на копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Џон Гронски. На…

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Република Македонија, Црна Гора и Република Бугарија

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, заедно со членови на воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, изведоа незаборавен предновогодишен концерт, во Домот на АРМ во Скопје. Трилатералниот предновогодишен концерт го проследи највисокото државно и воено раководство меѓу кои: Претседателот на Владата на Република Македонија, министерката за одбрана,…

Посета на Началникот на Генералштабот на Црна Гора на АРМ

Делегацијата на војската на Црна Гора, предводена од Началникот на Генералштабот (НГШ), бригаден генерал, Драгутин Дакиќ, во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, денес имаше официјални средби во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ. НГШ на војската на Црна Гора, генералот Дакиќ, по пречекот со високи воени…

Посета на Армијата на Република Македонија од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции

Со посета на генералштабот на Армијата на Република Македонија започна дводневната обиколка на командите и единиците на АРМ од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции – Врховен штаб на сојузничките сили за Европа, команден наредник Давор Петек. По приемот кај началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, делегацијата од сојузничката…

11-то Армиско првенство во крос кантри трчање

Во организација на Генералштабот на АРМ, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа „11-то Армиско првенство во крос кантри трчање“, во должина од 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција. Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, на отворањето го истакна значењето на спортот, физичката подготвеност и кондиција за…