И на жителите на Танушевци доставени неопходни средства

Пилотите и припадниците на АРМ во координација со Црвениот Крст на Република Македонија, со хеликоптер МИ-8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, доставија неопходни прехранбени и други средства на жителите на с. Танушевци. Остануваме спремни да интервенираме и помогнеме таму каде што надлежните служби ќе одлучат дека е потребно.

Доставени неопходни продукти во отсечените села Брест и Малино маало

Припадници на АРМ од составот на воздухопловната бригада од ЗОК, со еден хеликоптер Ми-17, во текот на вчерашниот ден, заедно со претставници од Црвениот Крст извршија достава на еден тон потребни прехранбени и материјални средства на населението во отсечените села Брест и Малино маало. Остануваме подготвени во координација со надлежните институции да ги ставиме нашите…

Припадниците на инженерискиот баталјон ја завршија изградбата на дрвениот мост во село Порој

Припадниците на инженерискиот баталјон од првата механизирана пешадиска бригада уште еднаш ги ставија на располагање своите вештини во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти, во случајот со целосна изградба на нов дрвен мост во село Порој, општина Тетово. Во соработка со локалната самоуправа и месното…

Армијата на Република Македонија со свои припадници се вклучува во гасењето на пожарот во атарот на село Требовље

Покрај досегашното континуирано ангажирање на два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, во текот на вчерашниот ден во справување со заканите од пожарот во близина на село Требовље се вклучија и шеесетина припадници на АРМ. Почнувајќи од попладневните часови во текот на вчерашниот ден без прекин цела ноќ двата пешадиска вода од четвртиот…

Централна крводарителна акција по повод 25 години АРМ

Припадници на АРМ од гарнизоните Скопје, Велес и Петровец како и многупати досега во голем број се приклучија на денешната акција на доброволно дарување на крв која се спроведе во Домот на АРМ во Скопје, како дел од планираните активности за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија. Учесниците во денешната…

Заедничка показна вежба на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија

Долгогодишната соработка на Армијата на Република Македонија (АРМ) со Црвениот Крст на Република Македонија (ЦК на РМ), уште еднаш дојде до израз на денешната заедничка вежба за животоспасувачи. На вежбата која се реализира како дел од активностите за одбележување на 25 години од постоењето на АРМ, се покажа високо ниво на координирани активности на припадниците…

Донација во основни училишта по повод одбележување на денот на 1.мпбр

Во рамки на активностите по повод одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, припадници од 3.пешадиски баталјон ги посетија основните училишта за деца со посебни потреби „Лирија“ во Тетово и „Симче Настевски“ во с. Вратница – Тетово, при што се донираа војнички маренди. Во годината во која Армијата на Република Македонија одбележува…

Посета на ученици од основното училиште „Љубен Лапе“ во касарната „Гоце Делчев“ Скопје

На 16 март 2017 година учениците од трето одделение од основното училиште „Љубен Лапе“ од Општина Аеродром реализираа посета на Центарот за обука на питомци и Воениот оркестар во касарната „Гоце Делчев“ Скопје. Целта на посетата беше запознавање на институциите во околината на училиштето и истата се реализираше во три фази. На почетокот учениците го…