14.07.2017

 

Демонстрирање на способностите припадниците на АРМ за интероперабилност со стандардите и процедурите со сојузничките единици на вежбата „Saber Guardian 17“

Согласно дадената мисија на нашите единици кои учествуваат на вежбата „Saber Guardian 17“ со извршување на  најразлични активности припадниците на  единиците на Армијата на Република Македонија имаат можност да ја демонстрираат обученоста и владеење со потребните вештини.

 Припадниците од баталјонот за специјални намени заедно со своите колеги од Унгарските и специјалните сили на армијата на САД изведуваа постапки за десантни акции инфилтрација и  извлекување од борбена зона.

Припадниците на водот од баталјонот на воена полиција изминатите денови извежбуваа работа на контролни точки и обезбедување на правци за премин на конвој преку понтонски мост но имаа можност и за средби со населението од реонот на одговорност.

 Инженерците кои веќе подолго врме се  со своите колеги од вториот сквадрон на армиите на САД ги прават подготовките за премин на река со тоа што отпочнаа да го подготвуваат теренот преку изработка на платформи за влез и излез на понтонскиот мост.

Припадниците од балканските медицински наменски сили веќе отпочнаа со работа во тактичкиот оперативен центар и ќелијата за координација на евакуација на пациенти.

И на оваа вежба како и многупати досега  припадниците на АРМ ја демонстрираат способноста на АРМ за потполна интегрираност со стандардите и процедурите на сојузниците при изведување на заедничка мисија.

 

 

 

 

 

12.07.2017

 

Фотогалерија од дневните активности на припадниците на АРМ на вежбата “Saber Guardian 17”

На големите мултинационални воени вежби каде се вклучени голем број на единици и персонал, и секоја индивидуална активност мора да биде согласно пропишаните стандардните оперативни процедури како услов за успешно завршување на мисијата.

 

На припадниците на АРМ кои учествуваат на вежбата „Saber Guardian 17“ овие процедури им се повеќе од добро познати.

 

Фотогалерија од дневните активности на припадниците на АРМ при  воспоставување на контролна точка,изведување на активности на специјалните единици и инженериски подготовки за правење на премин преку река.

 

11.07.2017

 

Отпочнати активностите на припадниците на АРМ на вежбата “Saber Guardian 17”

Со денешната церемонија на отворање на меѓународната воена вежба “Saber Guardian 17”, припадниците на Армијата на Република Македонија официјално отпочнаа со извршување на задачи на воените полигони во Романија и Унгарија.

 

Армијата на Република Македонија со седумдесет и еден свој припадник од составите на баталјонот на воена полиција, инженерискиот баталјон, баталјонот за специјални намени и припадници од балканските медицински сили се подготвени да ги демонстрираат своите способности и интероперабилноста со партнерските вооружени сили.

 

Припадниците на АРМ ќе изведуваат воени задачи заедно со составите на 709-тиот воено полициски баталјон, 2-от Инженериски сквадрон и 30-та медицинска бригада на Вооружените Сили на САД, како и со борбената група за специјални операции под команда на Унгарија.

 

Низ неколку фотографии доловуваме мал приказ од отворањето на вежбата и дел од активностите на водот на воена полиција на АРМ при нивното патување до крајната дестинација, воспоставување на базниот камп во близина на Валчеа, Романија и првичните задачи во патроли и контролни точки согласно зададеното сценарио.

 

Вежбата „Saber Guardian 2017“ е досега најголема мултинационална воена вежба во Црноморскиот регион, организирана и предводена од Армијата на САД во Европа која се изведува на териториите на Унгарија, Романија и Бугарија и на која учествуваат повеќе од 25.000 припадници на вооружените сили од 22 земји членки на НАТО и партнерските земји.




09.07.2017

 

Од активностите на припадниците на бВП на АРМ пред почеток на вежбата “Saber Guardian 17”

Во очекување на официјалното отпочнување на вежбата “Saber Guardian 17” (на ден 11.07.2017 година), на која, како што е познато учествува 71 припадник на Армијата на Република Македонија, неколку фотографии од активностите на водот на воена полиција од нивното патување до крајната дестинација и воспоставување на базниот камп во близина на Валчеа, Романија каде во следниот период до завршување на вежбата (20.07.2017 година) заедно со своите колеги од состав на 709-тиот воено полициски баталјон на Вооружените сили на САД ќе извршуваат разни воено полициски активности согласно зададеното сценарио за вежбата.

 

 

06.07.2017

 

Свечено испраќање на контингентот на АРМ на мултинационалната вежба „Saber Guardian 2017“

Во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ кој ќе учествува на мултинационалната вежба „Saber Guardian 2017“. На вежбата, организирана и предводена од армијата на САД во Европа, АРМ ќе учествува со вкупно 71 припадник распоредени на териториите Романија, Унгарија и Бугарија.

 

Во рамки на церемонијата свои обраќања имаа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли.

 

Успешна вежба и беспрекорно извршување на доверените задачи им посака министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ќе ги посети војниците во Романија кои заедно со своите колеги од партнерските земји го манифестираат високото ниво на воен професионализам за што редовно добиваат високи оценки.

 

Генералот Рацај истакна дека вежбата „Saber Guardian 2017“ ни дава одлична можност за размена на знаења и искуства, развивање на можностите и способностите за заедничко работење и извежбување на персоналот од АРМ со армиите на земјите членки на НАТО и ПзМ, а со тоа и усвојување на НАТО стандардите како придонес  во јакнењето на борбената  готовност на единиците на АРМ и усовршување на штабните процеси  и процедури во НАТО водените операции.

 

Преку вежбите како што е „Saber Guardian 2017“, Соединетите Држави ги зајакнуваат врските со сојузниците и партнерите на НАТО и ја потврдуваат трајната заложба за колективната одбрана и просперитетот на Европа. Заедничките вежби ја подобруваат способноста на земјите за соработка, комуникација и интеграција во воени платформи, а најважно тие градат лични  врски помеѓу војниците и ја зајакнуваат нашата посветеност едни кон други, рече амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли во своето обраќање пред присутните.

 

На свеченоста присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет, високи претставници од: МО, ГШ на АРМ, канцеларијата за врски на НАТО во РМ, одбранбените аташеи и амбасадата на САД во Република Македонија.

03.07.2017

 

Припадници на АРМ од составот на инженерискиот баталјон заедно со колегите од „2nd Cavalry Regiment“ од армијата на САД за Европа завршија еден дел од активностите поврзани со престојната вежба „SABER GUARDIAN 2017 “.

 

Тие беа во состав на големиот конвој кој во период од 23-28.06.2017 го поминаа патот од Графенвер, СР. Германија до Валчеа, Романија каде во периодот од 11-20.07.2017 година заедно со припадници на АРМ од баталјонот на воена полиција, полкот за специјални операции и балканските медицински сили ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „SABER GUARDIAN 2017 . Неколку фотографии од нивното патување и активности.

МЕДИУМСКИ ПАКЕТ ЗА „SABER GUARDIAN 2017“

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ВЕЖБАТА

ИМЕ: SABER GUARDIAN 2017.

 

ФОРМАТ: Мултинационална компјутерски асистирана вежба на Командно место и вежба на терен.

 

ОРГАНИЗАТОР: Армијата на САД во Европа - United States Army Europe (USAREUR).

 

ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕ: од 11до 20 јули 2017 година.

 

ОБЛАСТ: Романија, Бугарија, Унгарија.

 

УЧЕСНИЦИ: Армии на 22 Земји со околу 25,000 учесници,

Соединетите Американски Држави, Ерменија, Бугарија, Чешка, Германија, Хрватска, Грузија, Грција, Унгарија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина и Обединето Кралство.

 

КОНТИНГЕНТ НА УЧЕСНИЦИ ОД АРМ: (71 припадник на АРМ)

ЛОКАЦИИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ОД АРМ:

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТКИ НА ВЕЖБАТА:

Вежбата „Saber Guardian 2017“ претставува мултинационална вежба организирана и предводена од Армијата на САД во Европа - United States Army Europe (USAREUR), како дел од заедничката програма за вежбање USEUCOM.

 

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 25.000 припадници на вооружените сили од 20-тина земји членки на НАТО и земји партнери и годинава е најголема вежба во Црноморскиот регион.

 

Сценариото на вежбата „Saber Guardian 2017“ е демонстрирање на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува компјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања.

 

ЦЕЛ НА ВЕЖБАТА:

„Saber Guardian 2017“ има за цел промовирање на стабилност и сигурност во Црноморскиот регион, зајакнување на партнерските капацитети и меѓусебната доверба како и интероперабилноста меѓу USAREUR и копнените војски (КОВ) на земјите учеснички.

 

Дополнително вежбата „Saber Guardian 17“ е наменета за постигнување на интероперабилност во рамките на НАТО и ПзМ соработката, зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО, подготовка за изведување на здружени копнени операции преку симултана комбинација од нападни, одбранбени и операции за стабилизација на опкружувањето.

 

ЕЛЕМЕНТИ НА ВЕЖБАТА:

ПОВАЖНИ ДАТУМИ ЗА КОНТИНГЕНТОТ НА УЧЕСНИЦИ ОД АРМ:

ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПОВАЖНИ АКТИВНОСТИ:

КОНТАКТИ ЗА МЕДИУМСКО СЛЕДЕЊЕ НА ВЕЖБАТА:

 

АРМ

 

Канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ

Контакт телефон: 02/3282-459

Телефон/факс : 02/3282-461

Е-mail: koj.gs@arm.mil.mk koj.gs.arm@gmail.com

 

Контакт со Порпаролот на ГШ на АРМ:

 

Мобилен тел.: 070/403-425

E-mail: toni.janevski@arm.mil.mk
            janevskitoni@gmail.com

 

МО на РМ

 

Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка,

Одделение за медиа и мултимедијална работа

Контакт телефон: 02/328-2487

Мобилен тел.: 070/403-047

Е-mail: ivan.petrusevski@morm.gov.mk

 

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ:

 

http://www.arm.mil.mk

http://morm.gov.mk

 

Фејсбук страни:

https://www.facebook.com/ArmijanaRepublikaMakedonijaoficijalnastrana

https://www.facebook.com/modmacedonia

 

НАЧИН НА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА КОНТИНГЕНТОТ НА УЧЕСНИЦИ ОД АРМ

Позначајните активности ќе се објавуваат и на веб и фејсбук страните на АРМ и МО.

Учество на припадници на АРМ на меѓународната вежба „Saber Guardian 2017“

Во период од 07.07.2017 до 21.07.2017 година припадници на АРМ од составот на баталјонот на воена полиција, полкот за специјални операции и инженерискиот баталјон ќе учествуваат на вежбата „Saber Guardian 2017“ која ќе се реализира на територијата на Република Романија и Република Бугарија.

 

Вежбата „Saber Guardian 2017“ е во организација на Армијата на САД во Европа и на неа ќе учествуваат повеќе од 25.000 припадници од 23 армии на НАТО земјите членки и партнерските армии.

 

Армијата на Република Македонија учествува на оваа голема меѓународна вежба која се одржува секоја година почнувајќи од 2013 година.

 

Вежбата „Saber Guardian 2017“ е мултинационална комјутерски асистирана вежба на Командно место и вежба на терен. На вежбата покрај останатото ќе бидат изведени: противавионска артилериска вежба на териториите на Романија и Бугарија, Извежбување на правење премин преку река, Постапки при појава на масовни жртви и друго. Во склоп на вежбата ќе биде изведена и национална бугарска вежба на армијата на вооружените сили на Република Бугарија „Peace Sentinel“, а во продолжеток на вежбата со дел од припадниците на „2 Cavalry Regiment“ (2CR)  на Армијата на САД во Европа во Република Македонија ќе се реализира билатералната вежба на АРМ и Армијата на САД во Европа „Dragoon Ride 17“.

 

Единиците на Армијата на Република Македонија преку учеството на овие меѓународни вежби со својата обученост и искуството кое го поседуваат ја презентираат компатибилноста со процедурите и стандардите кои ги користат НАТО партнерските армии.