„Македонски блесок 08“

Свеченото отворање на вежбата се одржа денес (16.10 2011 година) во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, на кое се обрати директорот на вежбата, полковник Митре Стојанов. Тој истакна дека вежбата „Македонски Блесок 08“ претставува континуитет на досега успешно изведените вежби за самооценување и НАТО оценување на декларираните единици на АРМ, согласно Концептот за оперативна способност, кој се применува во Алијансата. На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во различни ситуации, предвидени со листата на задачи на НАТО (NTL 3.0) определени при изведувањето на операциите за поддршка на мирот (PSO).

 

На „Македонски Блесок 08“ ќе учествуваат над 550 припадници од Армијата на Република Македонија и 36 припадници на Вооружените сили (ВС) на Република Србија. Во командната структура на вежбата се од АРМ се вклучени припадниците на Здружената Оперативна Команда, Командата за логистичка поддршка, втората механизирана пешадиска бригада (2.мпбр), и баталјонот за врски, од кои се очекува и со примена на искуствата и научените лекции стекнати од досегашните вежби и учествата во мисиите во Авганистан и Ирак, успешно да ги реализираат поставените задачи на вежбата.

 

Вежбата „Македонски Блесок-08“ се изведува како жива вежба со единици на терен (FTX/LIVEX) базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот (PSO) предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност на декларираните единици на АРМ со армиите на земјите-членки на НАТО.

 

За време на „Македонски Блесок 08“ ќе се изврши Самооценување НИВО-2 – CREVAL /Combat readiness evaluation/ на декларираната средна пешадиска чета која е од составот на 2.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, предвидени за составот на баталјонската група на ЕУ (EU BG II/2012), како и одделение АБХО од четата АБХО од ЗОК, Со една механизирана пешадиска чета од 1.механизиран пешадиски баталјон од 2.мпбр, ќе се изврши Самооценување НИВО 1 во чиј состав ќе биде вклучен и еден вод од ВС на Република Србија.

 

Оценувањето ќе го изврши националниот тим составен од претставници на АРМ.

 

Согласно сценариото, вежбата ќе се реализира во шест фази и ќе заврши на 21 Октомври со првичниот брифинг за постигнатите резултати од оценувањето.