„Македонски Блесок–14“
22.06.2018

Работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок-14“

Во период од 18. до 22.06.2018 година, во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, беше реализирана работилница за изработка на финални документи за вежбата „Македонски Блесок-14“. Активностите од оваа работилница се предуслов за обезбедување на потребните документи за успешен старт на вежбата, на која треба да се изврши НАТО преоценување ниво 2 на декларираната чета на Воена полиција, како и внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.

 

На работилницата активно учествуваше персонал од раководството и контролата на вежбата, како и од првопретпоставената команда на декларираните единици, пополнети од персонал од командата на Здружена оперативна команда (ЗОК) и од првопотчинтите единици од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригада за логистичка поддршка (брЛП), воздухопловна бригада (вбр), баталјонот за врски (бв) и баталјон на Воена полиција (бВП).

 

На денот на отворањето на работилницата, по поздравниот збор од страна на директорот на вежбата, потполковникот Игор Манасовски, кој ги истакна значењето и важноста на вежбата, изврши дефинирање на обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот кон исполнување на доделените задачи. Во фокусот на работилницата беше изработката на оперативната наредба на Командантот на Копнената Компонента – штаб на мултинационална бригада, идентификација на потребите за изработка на неопходниот број на дополни на оперативната наредба на Командантот на здружените сили за задача, потврдување на реалната логистичка поддршка, финализирање на документите за заштита на сили, како и спецификација на потребите и побарувањата за деновите на отворањето и затворањето на вежбата и секако дефинираниот ден за високи посетители/гости, кој треба да се реализира на 19.10.2018 година на АП Криволак и ЦО Пепелиште.

 

Како дел од работилницата беа реализирани неколку извидувања на сместувачките капацитети и терените за реализација на активностите на АП Криволак, за време на вежбата „Македонски Блесок-14“.

 

На затворањето на работилницата беа потврдени реализираните активности и престојните задачи кои треба да се реализираат во периодот до почетокот на вежбата на 15.10.2018 година. Последните подготовки за вежбата ќе бидат финализирани во текот на финалната планирачка конференција, која ќе се реализира на ЦО Пепелиште, во периодот од 10. до 14.09.2018 година.
11.05.2018

Главна планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-14“

Во период од 07 до 11.05.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок-14“, како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира на средина на месец октомври на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“.

 

По воведниот и поздравниот збор од страна на директорот на вежбата потполковникот Игор Манасовски, офицерот со примарна одговорност на вежбата мајорот Виктор Еркиќ ги структурираше обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот од раководството кон исполнување на доделените задачи.

 

Во текот на петдневната работа на конференцијата реализирани се следните активности:

  • Финализирање на EXPLAN и негово одобрување;
  • Развивање на останатите модули од сценариото;
  • Изработка на: листа на персонал (EXCON, EXCEN, HICON и единицит, план за врски, програма за Денот на високи гости);
  • Потврдување на реалната логистичка поддршка;
  • Финализирање на документите за заштита на силите.

За време на ГПК беше реализирана посета од страна на НАТО советодавниот тим од Командата на здружени сили во Неапол составен од трочлена екипа (претставници од Франција, Италија и Србија), при што беа потпишани финалните документи за реализација на НАТО оценувањето помеѓу раководството на вежбата и НАТО советодавниот тим и беше реализирана обиколка на местата каде ќе се реализира вежбата.

 

Во текот на конференцијата беше реализирана и посета од страна на началникот на штаб на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Азим Нуредин. Исто така беа презентирани и неопходните брифинзи за успешна подготовка на претстојните активности како: безбедносен брифинг, брифинг за спецификација и планот за вежбата, сценарио на вежбата, структура и статус на единиците, како и главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ).

  

Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на главната планирачка конференцијата претставуваат добра основа за понатамошни подготовки и работа до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Финалната планирачка конференција за вежбата „Македонски  Блесок-14“.

 

Планирачкиот процес продолжува на средината на месец јуни со работилница за финални документи за МБ-14 која ќе се реализира во периодот од 18-22.06.2018 година.

02.03.2018

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок – 14 “

Во период од 26.02. до 02.03 2018 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата  „Македонски Блесок – 14“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003.

 

За време на отворањето на иницијалната планирачка конференција кодиректорот на вежбата потполковник Јонче Лазаревски во своето обраќање ги поздрави учесниците на работилницата, даде насоки и им посака успешна работа. Воедно ги искажа целите на ИПК и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи за развој на третиот модул од сценариото.

 

Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:

Во склоп на конференцијата беше реализирана обиколка од страна на полковник Блаже Николовски, а во име на командантот на Здружена Оперативната Команда (ЗОК), при што беа пренесени насоките од Командантот.

 

Планирачкиот процес продолжува на крајот на месец март со работилница за концептот на операции која ќе се одржи во периодот од 26-30 март 2018 година.