„Македонски Блесок–13“

06.10.2017

Заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета

Денес, 06 октомври 2017 година, заврши НАТО реоценување на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година.

 

Во изминатиот период спбг и рч се оценуваа според главната листа на настани и инциденти меѓу кои како позначајни ги издвојуваме: артилериски напад на база, АБХ одбрана, евакуација на повредени, справување со демонстранти, контрола на толпа, борбена патрола, обезбедување на база, кордон и пребарување. Крајот беше крунисан со изведување на офанзивни борбени дејства од страна на спбг, со што оценувањето беше завршено.

 

Како што беше истакнато при иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето, сите предвидени активности согласно листата на инциденти се извршени на највисоко професионално ниво, а официјалното известување ќе биде доставено дополнително од страна на НАТО.

 

Од директорот на вежбата беше прогласен крај на вежбата, со што истата е завршена.

 

05.10.2017

Завршна фаза од оценувањето на средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета

Денес, 05 октомври 2017 година, реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) влезе во завршна фаза.

 

Средната пешадиска баталјонска група изведуваше офанзивни дејства во текот на целиот ден, при што на терен беше демонстрирана обученоста на персоналот и борбената моќ на единицата. Со што се заокружи и последниот настан за оценување од главната листа на настани и инциденти. Во исто време на припадниците на ренџерската чета им беше соопштена првичната оценка од страна на тимот на оценувачи.

 

Со денешниот ден се заокружи реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч). Целта на оценувањето е да се оцени борбената готовност и способностa на декларираните   единици на АРМ за извршување на мисијата во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година.

 

На крајот од оценувањето ќе биде потпишан првичниот извештај од страна на НАТО-набљудувачите и директорите на оценувањето, додека финалниот извештај дополнително ќе биде доставен до Република Македонија и оценуваните единици.

 

04.10.2017

На третиот ден од вежбата МБ - 13 демонстрација на борбената готовност на декларираните единици на АРМ

Денес, 04 октомври 2017 година, продолжи реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) на армискиот полигон (АП) „Криволак“.

 

Денот започна со справување со демонстранти и контрола на толпа од страна на припадниците на спбг, и продолжи со обезбедување на база, кордон и пребарување и други настани и инциденти од листата на настани. Во исто време припадниците на ренџерската чета имаа реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, кордон и пребарување со инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17. Во текот на денот ќе се реализираат и останатите планирани активности согласно листата на инциденти и настани меѓу кои и патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и друго.

 

Со денешниот ден оценувањето на ренџерската чета влегува во завршната фаза, додека оценување на спбг продолжува и во текот на утрешниот ден, каде што е планирано изведување на офанзивни дејства како последен дел од процесот на оценувањето на спбг.

 

03.10.2017

Оценување на средна пешадиска баталјонска група и ренџерска чета на вежбата „Македонски Блесок 13“

Денес, 03 октомври 2017 година, во раните утрински часови ренџерската чета (рч) успешно изврши марш од касарната „Илинден“ во Скопје до армискиот полигон (АП) „Криволак“, каде во фиктивниот реон на операции, треба да го имплементира планираниот систем за непрекинато ажурирање на тековната оперативна слика и на тој начин обезбеди насочување на маневарскиот елемент кон правилна и потполна реализација на доделената мисија.

 

 На АП „Криволак“ , рч ќе се оценува согласно Концептот за оперативни способности на НАТО низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои ќе треба да ги изврши следните задачи: реакција на контакт, справување со идентификувана импровизирана експлозивна направа (ИЕН), артилериски напад на база, АБХ одбрана, евакуација на повредени, реакција на заседа, одбрана на база, борбена патрола и друго.

 

Во исто време започна и оценувањето на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) кое ќе се реализира преку извршување на следните задачи: справување со демонстранти и контрола на толпа, патролирање и воспоставување на контролна точка, обезбедување на база, кордон и пребарување и друго.

 

До крајот на денот, ќе се реализираат и останатите планирани активности согласно листата на настани и инциденти. Оценувањето продолжува и во текот на утрешниот ден.

 

02.10.2017

Започна оценувањето во мирновремените локации на декларираните единици на АРМ

Со денешната проверка на елементите кои подлежат на оценување во мирновремените локации на декларираните единици на АРМ од состав на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и ренџерска чета (рч) во гарнизоните: Скопје, Петровец, Прилеп, Штип и Куманово, започнаа активностите  на теренската вежба „Македонски Блесок-13“.

 

Во склоп на вежбата во период до 06 октомври, ќе се изврши реоценување на спбг и оценување на рч, согласно НАТО концептот за оперативни способности -ниво 2, од страна на оценувачки тим составен од НАТО и национални претставници.  

 

Целта на НАТО оценувањето, ниво 2, е да се оцени борбената готовност и способноста на овие декларирани единици на АРМ за извршување на мисијата во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

 

За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што резултатот ќе им биде соопштен на оценуваните единици.

 

Високите оценки кои ги добивме од НАТО во претходното оценување на спбг, но и при извршувањето на мировните мисии и успешно изведените вежби за претходните оценувања на останатите декларирани единици, се голем поттик за успешна реализација и на оваа, од многу аспекти  комплексна вежба.

 

Вежбата „Македонски Блесок-13“ е вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО – предводените операции.

 

29.09.2017

 

Брифинг за медиуми за вежбата „Македонски блесок-13“ >>> PDF

28.09.2017

Ден за посетители на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“

Во рамките на меѓународната воена вежба „Здружена Реакција-17“, денес на армискиот полигон „Криволак“ беше реализирана програма за Денот за посетители на која присуствуваа: командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески, воените аташеи акредитирани во Република Македонија, претставници на канцеларијата за врски на НАТО и други гости.

 

Пред посетителите, учесниците на вежбата „Здружена Реакција-17“ демонстрираа различни борбени постапки и ситуации, како пребарување на населено место со кордонирање и евакуација на ранети и повредени со хеликоптер, при што беше прикажана врвна обученост и извежбаност.

 

Директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски обраќајки се пред присутните гости истакна дека: „Во изминатите 4 дена до израз дојдоа способностите, извежбаноста, обученоста и вештините на единиците учеснички на вежбата, период во кој имавме можност да видиме како една иста задача, на свој начин и со свои тактики, техники и процедури ја реализираат офицерите, подофицерите и војниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота, како и 709-тиот баталјон на 18-тата воено-полициска бригада на силите на САД во Европа и војниците од баталјонот на воената полиција на АРМ“.

 

Со реализацијата на вежбата се овозможи размена на искуства и способности, со цел зголемување на меѓусебното разбирање на воено полициските капацитети на вооружените сили од А5 иницијативата, а со тоа се создадоа предуслови за несомнен успех при реализација и планирање на идните заеднички операции.

 

27.09.2017

Продолжуваат вежбовните активности на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“

На армискиот полигон „Криволак“, продолжија вежбовните активности на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17.

 

Во утринските часови се започна со контрола на толпа со мешовит состав на вод од воена полиција, од составот на АРМ (вВП/АРМ) и припадници на Националната гарда на Вермонт, САД. Потоа следуваше работа на контролна точка од страна на припадниците на воена полиција од Р. Црна Гора, 18-та воено полициска бригада, САД и припадници од воена полиција од Националната Гарда на Минесота, САД. Во попладневните часови ќе се реализираат останатите активности планирани за тековниот ден, и тоа контрола на воен сообраќај од страна воената полиција, од составот на АРМ (вВП/АРМ) и припадници на Националната гарда на Вермонт, САД. И како последна активност за тековниот ден ќе се одржи натпревар во гаѓање со пиштол со сите претставници од вежбата, каде акцент ќе се даде на натпреварувачкиот дух на учесниците на гаѓањето. Признание за освоено прво место од натпреварот во гаѓање ќе биде доделено на денот на високи гости.

 

Остатокот од денот беше искористен во сеопфатни подготовки на единиците од земјите учеснички за претстојната вежба по повод денот на високи гости кој е на распоред утре 28.09.2017 година со почеток во 11:00 часот.

26.09.2017

Започнаа вежбовните активности на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“

На армискиот полигон „Криволак“, во рамките на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17“, како дел од заедничка соработка и размена на стекнати знаења и вештини во текот на денот беа реализирани неколку активности.

 

Најпрво беа презентирани материјално техничките средства и опремата со која располагаат припадниците од различните армии. По што следуваше решавање на повеќе настани и инциденти, од кои во претпладневните часови се реализираше пребарување на зграда од страна на припадниците на водот воена полиција од БиХ. Додека за попладневните часови остана да се реализира ескортирање на ВИП од страна на водот на воена полиција од Р. Албанија и пребарување на зграда од страна на водот составен од припадниците од воената полиција на Р. Црна Гора и САД.

 

Целта на вежбата, што ќе трае до 29-ти септември, е преку заедничко извршување на поставените задачи да се промовира соработката на воено полициските капацитети во рамките на А5 иницијативата, споделување на стекнатите вештини и искуства, како и интероперабилност во постапките на припадниците од армиите учеснички.

 

25.09.2017

Отворање на вежбата „Здружена реакција-17“

Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и aрмискиот полигон „Криволак“ започна со реализација теренската вежба „Здружена реакција-17“. На отворањето на вежбата, Командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески пред учесниците на вежбата истакна: „Во основата на оваа, како што и нејзиното име имплицира, здружена вежба, стои нашата заедничка способност за взаемна и отворена соработка, преку споделување на стекнати знаења и искуства, кои треба да не насочат кон зголемување на взаемното разбирање и секако доверба“.

 

Исто така на присутните се обрати и директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски, кој во својот говор назначи дека вежбата претставува одлична можност за изведување на колективна обука на воено полициските единици согласно НАТО процедурите, но и за усовршување во штабните процеси на единиците учеснички на вежбата и дека целта на вежбата не е натпреварувачкиот дух туку размена на искуства, знаења и вештини.

 

Бригадниот генерал Зоран Милески со директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски извршија обиколка и средба со учесниците на вежбата сместени во кампот „Стрела 1“.

 

На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, а во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со презентација на опремата и размена на искуства од различни области.

 

Вежбата „Здружена реакција-17“ е заедничка вежба на воената  полиција од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Националната гарда на сојузната држава Вермонт, Националната гарда на сојузната држава Минесота и секако припадници на воената полиција од составот на Здружената оперативната команда. Целта на вежбата е споделување на стекнати знаења и искуства преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на претстојната вежба.

12.05.2017

Главна планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“

Во период од 7 до 12.05.2015 година се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“, како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира на крај на месец септември и почетокот на месец октомври на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“.

 

По воведниот и поздравниот збор од страна на директорот на вежбата потполковникот Блаже Николовски, кодиректорот на вежбата мајорот Игор Манасовски ги структурираше обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот од раководството кон исполнување на доделените задачи.

 

За време на ГПК беа реализирани голем број на активности, меѓу кои и потпишување на финалните документи за реализација на НАТО оценувањето помеѓу раководството на вежбата и НАТО советодавниот тим од Командата на здружени сили во Неапол, обиколка на местата каде ќе се реализира вежбата. Во текот на конференцијата беше реализирана посета од страна на началникот на штаб на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Азим Нуредин, кој присуствуваше на презентацијата на капацитетите на АП „Криволак“, за потребите на вежбата. Исто така беа презентирани и неопходните брифинзи за успешна подготовка на претстојните активности како: безбедносен брифинг, брифинг за спецификација и планот за вежбата, сценарио на вежбата, структура и статус на единиците, како и главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ).

 

Во текот на петдневната работа на конференцијата работен јазик беше англискиот, и при тоа беа изработени сите документи кои се предвидени со Директивата за планирање Bi-SC 75-3 за оваа планирачка фаза.

 

Во делот на подготовките на „Здружена Реакција-17“ активно учество земаа припадниците од Национална гарда на Минесота (САД) и Национална гарда на Вермонт (САД), претставници на армиите од А5 иницијативата (Република Албанија, Република Хрватска и Босна и Херцеговина), при што беа потпишани заклучоците за вежбата и воедно беше потпишан техничкиот договор за реализација на истата.

 

Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на работната конференцијата претставуваат добра основа за понатамошни подготовки и работа до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Финалната планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“.

08.05.2017

Главна планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок-13 / Здружена Реакција-17“

Во период од 8-ми до 11-ти мај во центарот за обука „Пепелиште“, ќе се реализира Главна планирачка конференција (ГПК) која е дел од планирачкиот процес  за претстојната вежба: „Македонски Блесок-13 / Здружена Реакција-17“.

 

ГПК има за цел да ги дефинира финалните документи од планот за вежбата, да обезбеди потребни предуслови за почеток на вежбата, како и потпишување на финалните документи за реализација на НАТО оценувањето помеѓу раководството на вежбата и НАТО советодавниот тим од Командата на здружени сили во Неапол.

 

Вежбата претставува годишна планска активност на ГШ на АРМ, чиј носител е ЗОК со цел да се изврши НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), како и промовирање на соработката на воено полициските капацитети од иницијативата А5 за претстојната вежба „Македонски Блесок-13 / Здружена Реакција-17“.

19.12.2016

Иницијална планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок - 13/Здружена Реакција - 17“

Во период од 12-ти до 16-ти декември 2016 година, во здружената оперативна команда во Куманово се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по НАТО Концептот за оперативни способности и НАТО Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003.

 

На иницијалната планирачка конференција активно учество земаа претставници од Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, како дел од А5 иницијативата (Република Албанија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Македонија и Република Црна Гора) и претставници од Националната Гарда на Минесота од вооружените сили на САД.

 

За време на отворањето на иницијалната планирачка конференција беа искажани целите на вежбата „Македонски Блесок-13/Здружена Реакција-17“ и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи за развој на вториот модул од сценариото.

 

Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:

Планирачкиот процес ќе продолжи во месец февруари со работилница за концептот на операции која ќе се одржи во периодот од 20-ти до 24-ти февруари 2017 година.