„Македонски Блесок–12“

07.10.2016

Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


05.10.2016

Активност од оценувањето на Ренџерска чета втор ден

Изведување на тактички задачи како: инфилтрација и ексфилтрација на непријателска територија со хеликоптер, препад на населено место и реакција на импровизирана експлозивна направа, беа инцидентните ситуации со кои се соочија припадниците на декларираната ренџерска чета во вториот ден од НАТО оценувањето НИВО-1 во склоп на вежбата „Македонски Блесок 12“.

 

Успешноста и начинот на спроведување на тактичките процедури во дадените ситуации, во целост го оправдуваат логото на ренџерскиот баталјон „Секогаш со чекор понапред“, кое впрочем е докажано во реални ситуации со учеството на припадници од оваа единица во наменските сили „Феникс“ во ИР Авганистан заедно со припадници на Националната Гарда на Вермонт во 2010 година.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


04.10.2016

Отпочнато оценување на Ренџерската чета

Припадниците на декларираната ренџерска чета во текот на вчерашниот ден  на Армискиот полигон „Криволак“, почнаа со справувањето со подготвените инциденти од НАТО оценувачите.

 

Според сценариото за оценување дел од единицата наиде на неексплодирана импровизирана експлозивна направа. Ренџерите реагираа веднаш користејќи ги макотрпно стекнатите вештини и во склад со НАТО стандардните оперативни процедури. Набргу по овој инцидент следеше реакција на непријателска заседа. Оценувачкиот тим имаше прилика да се увери во брза и ефикасна реакција, на начин  како што тоа го прават најдобрите.

 

Динамиката на оценувањето продолжува и во текот на вечерните часови  каде се очекуваат уште неколку инциденти, а веќе следниот ден следуваат посложени задачи  и инциденти каде  македонските ренџери ќе се  справуваат со други борбени ситуации.

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


03.10.2016

Фото вест: Активности од Македонски Блесок-12

Припадниците на декларираната ренџерска чета од Полкот за Специјални Операции на Армискиот полигон „Криволак“ се подготвуваат за НАТО оценувањето НИВО-1, кое ќе се изврши во текот на оваа недела во рамки на вежбата „Македонски Блесок-12“.

 

Оценувањето ќе се врши од страна на овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност „CREVAL“. За таа цел припадниците на АРМ во последните подготовки пред оценувањето ги покажуваат сите свои стекнати вештини и способности.

 

 

 

 

 

 


03.10.2016

32.Курс за обука на оценувачи според концептот за оперативни способности на НАТО

Денес, 3 октомври 2016 година започна 32. Курс за оценувачи според концептот за оперативни способности на НАТО. Курсот ќе се реализира во Кавадарци и Армискиот Полигон „Криволак“ во период од 03 до 07.10.2016 година.

 

Цел на курсот е на учесниците од НАТО и ПзМ им се даде генерална слика за методологијата и стандардите за оценување преку техники и процедури на оценување и соодветен софтвер. На курсот учествуваат 42 слушатели од 21 земја. Носител на курсот е одделението за оценување на оперативната способност во SHAPE во НАТО.

 

Самиот курс е поделен  на два дела теоретски и практичен. Во теоретскиот дел слушателите се запознаваат со одредбите, техниките и стандардите во оценувањето како и со софтверот кој се користи. Практичен дел студентите ќе го реализираат за време на вежбата „Македонски блесок-12“ каде ќе ја оценуваат декларираната ренџерска чета.

 

Во периодот од 28.09 до 02.10 се реализираше непосредна подготовка на курсот каде голем број на старешини на АРМ зедоа учество. За значајот на овој курс и довербата која ja има НАТО одделението за оценување на оперативната способност зборува и податокот дека за заменик директор на курсот е одреден потполковникот Ивица Цветковски и за заменик директор на оценувачкиот тим е одреден потполковник Василевски Ѓорѓи.

02.10.2016

Свечено отварање на „Македонски Блесок-12

Денес, 02 октомври 2016 година, во Кампот за обука „Пепелиште“ се одржа свеченост за отварање на вежбата „Македонски Блесок-12“.

 

Пред присутните се обрати Директорот на вежбата, потполковник Бесник Емини кој напомена дека професионализмот, исклучителната посветеност, врвната обученост се темелите на современиот македонски воин, оттука беспрекорното извршување на задачите  низ напорните и сложени ситуации на кои ќе бидат изложени за време на оценувањето ќе биде само доказ на нивнита подготвеност и способности.      

 

Вежбата „Македонски Блесок -12“ ќе се реализира во периодот од 01 до 07.10.2016 година на терените на Армискиот Полигон „Криволак“ и Кампот за Обука „Пепелиште“. За време на вежбата ќе се изврши НАТО оценување НИВО-1 на декларираната ренџерска чета. „Македонски Блесок-12“ е вежба која се изведува со единици на терен со употреба на артифиции и боева муниција, базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот и операции за одговор на кризи предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН. Со оваа вежба треба да се демонстрира интероператибилноста на декларираната единица за употреба во НАТО – предводени операции.

 

Самата вежба воедно ќе биде и дел од „32.  Курс за обучување на оценувачи во НАТО, според концептот за оперативни способности“. На вежбата учество ќе земат 250 припадници од 21 држави на НАТО и ПзМ.


02.10.2016

Започна вежбата „Македонски Блесок-12“

Од денеска до 7 октомври 250 припадници на АРМ и претставници на армии од 21 држава членка  на НАТО и Партнерство за Мир учествуваат на теренска вежба „Македонски Блесок-12“. Вежбата се спроведува во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“.

 

За време на вежбата на терените на „Криволак“ и „Пепелиште“, ќе се изврши НАТО оценување НИВО-1, согласно  концептот за оперативни способности на декларираната ренџерска чета од составот на Полкот за специјални операции (ПСО).

 

„Македонски Блесок-12“ е вежба која се изведува со единици на терен со употреба на артифиции и боева муниција, базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот и операции за одговор на кризи предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ООН. Со оваа вежба треба да се демонстрира интероператибилноста на декларираната единица од ПСО за употреба во НАТО/ЕУ предводени операции.

 

Директорот на вежбата, потполковник Бесник Емини на денешното отворање, нагласи дека професионализмот, исклучителната посветеност и врвната обученост се одлики на припадниците на АРМ. Беспрекорното извршување на поставените задачи  во различни напорни и сложени ситуации, на кои ќе бидат подложени учесниците за време на оценувањето, ќе претставува доказ за врвна подготвеност и оспособеност.

 

Вежбата воедно ќе биде и дел од триесет и вториот  „Курс за обучување на оценувачи во НАТО, според концептот за оперативни способности“.


Вежбата „Македонски Блесок–12“ претставува Ситуациона-тактичка вежба на терен која ќе се реализира во период од 01 до 07 октомври 2016 година во Центарот за Обука „Пепелиште“ и на АП „Криволак“.

 

Цел на вежбата е извежбување и НАТО оценување НИВО-1 на на декларираната Ренџерска чета со цел презентирање на интероперабилноста во согласност со NTL 3.0.

 

На вежбата и претходеа квалитетни подготовки преку реализираните работилници и конференции: Работилница за Спецификација на вежбата МБ-12, Конференција за спецификација, Работилница за планирање, Иницијалната Планирачка Конференција, Работилница за концепт на операции, Главната Планирачка Конференција и Финалната Координативна Конференција.

 

Работен јазик за изработка на документите на вежбата беше англискиот и при тоа навреме се изработени: Сценарио на активностите за отварање на вежбата, Програма за Денот на високи посетители, Протоколарна листа на гости, изработка и дистрибуција на покани, листата на настани и инциденти (MEL/MIL), План за медиумско покривање на настанот и други.

 

Планирањето на вежбата се реализираше во периодот од јануари до септември 2016 година, според стандардите на НАТО  и врз основа на Директивата за планирање, низ  конференции-работилници и тоа:

На 07.10.2016 година ќе се реализира Денот на високи гости.

На вежбата ќе учествува Ренџерската чета од Ренџерскиот баталјон од полкот за Специјални Операции (пСО), логистички елементи од брЛП, претставници од ГШ на АРМ и на ЗОК, набљудувачи од НАТО тимовите за оценување.