28.07.2017

Започна заедничката вежба на АРМ и копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“

Заедничката воена вежба на Армијата на Република Македонија и командата на копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“ со влегувањето на конвојот на припадниците на вториот коњички полк на граничниот премин „Деве Баир“ го означи својот почеток.

 

Развиорените знамиња на Република Македонија и Соединетите Американски Држави кренати од страна на припадниците на двете армии во првото возило од конвојот симболично ја претстави една од целите на оваа билатерална вежба, зајакнување на довербата и билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.

 

Веднаш по влезот на стотината моторни возила и инженериски машини со 260 припадници на армијата на САД меѓу кои и осуммина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон кои веќе еден месец се заедно со своите колеги од инженерискиот сквадрон  денес го имаа и своето прво претставување пред јавноста во Куманово.

 

Со пригодна церемонија и обраќања од страна на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Зоран Милески, амбасадорот на САД во Р.Македонија Џес Бејли и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски вежбата го отпочна и својот дел од цивилно воената соработка.

 

Во продолжение присутните граѓани кои беа во голем број имаа можност да  проследат презентација на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД, но и преку директна комуникација со припадниците на АРМ и армијата на САД поблиску да се запознаат со опремата и постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армијата на САД и АРМ.

 

Вежбата „Dragoon Guardian 17“ која ќе се одржува до 10.08.2017година покрај активностите на АП Криволак со изведување на заедничка обука ќе има претставување пред граѓаните во уште пет градови на Република Македонија.

28.07.2017

Влегувањето на територијата на Република Македонија, презентација на возилата и опремата на армијата на САД и АРМ пред граѓаните и подготовки за вежбата „Dragoon Guardian 17“

27.07.2017

 


23.06.2017

Заедничка вежба на АРМ и УСАРЕУР „Dragoon Guardian 17“

Општи податоци за вежбата:

 

Претстојната заедничка вежба на АРМ и Армијата на САД во Европа  „Dragoon Guardian 17“ е резултат на меѓусебната воена соработка на АРМ и Армијата на САД во Европа, претходно договорена на меѓусебните средби на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Армијата на САД во Европа Фредерик Бен Хоџис. По меѓусебните контакти помеѓу министерството за одбрана на Република Македонија и Амбасадата на САД во Република Македонија договорено е изведување на вежбата. Владата на Република Македонија на седницата одржана на 22.06.2017 година донесе одлука за одржување на вежбата. Вежбата „Dragoon Guardian 17“ ќе се реализира во периодот 26.07.2017- 08.08.2017 година на АП „Криволак“.

 

Учесници на вежбата:

 

На „Dragoon Guardian 17“  ќе учествуваат деведесетина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада  и околу тристотина припадници на  „2 Cavalry Regiment“ (2CR)  на Армијата на САД во Европа - United States Army Europe (USAREUR). На вежбата ќе учествуваат и припадници од другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.

 

Цел на вежбата:

 

Цел на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.

 

Дел од обуката која ќе се изведува за време на вежбата: Забрзано изведување на  деконтаминација, меѓусебно запознавање со лично вооружување  на двете армии и изведување на гаѓања, Инженериска изработка на слетна патека за беспилотно летало, чистење на рути од импровизирани експлозивни направи и друго.

 

Поважни датуми:

  • 26.07.2017 - Влез на околу припадниците на американската единица на територија на Република Македонија со околу 100 возила и инжинериска опрема (транспортот и транзитот ќе се изведе со 5 конвои од по 20 инжинериски возила со опрема и персонал);
  • 28.07-04.08.2017 - Изведување на заедничка обуката на АП „Криволак“;
  • 01.08.2017 - Отворен ден, ден за високи гости и ден за медиуми;
  • 05-06.08.2017 – Утовар на опремата на воз;
  • 07.08.2017 - Заминување на персоналот од 2 Cavalry regiment.

Цивилно воена соработка:

 

Во текот на вежбата во неколку локални самоуправи кои ќе бидат дополнително соопштени, припадниците на армијата на САД и АРМ ќе организираат т.н. community events, т.е. претставување на дел од возилата и опремата пред локалното население. Првиот ваков настан ќе се реализира на денот на самиот влез на 26.07.2017  година во Куманово со цел остварување на првичен контакт со населението и нивно запознавање со единицата и претстојните активности.

 

Медиумско покривање:

 

Претходно пред претставниците на медиумите ќе биде организиран Брифинг за медиумите каде ќе се соопштат сите детали за вежбата, како и гостувања на припадници на АРМ и 2CR на националните медиуми.

 

За време на вежбата ќе има отворен ден за медиумите а сите настани ќе бидат пренесувани преку соопштенија на оваа веб страна, фејсбук страната на АРМ како и на сите национални медиуми во Република Македонија.