АНАКОНДА-16

Припадниците на АРМ по успешно завршената мисија на вежбата „Анаконда-16“ се се вратија во матичните единици

Во текот на вчерашниот ден припадниците од единиците на АРМ кои во периодот од 06.06 до 17.06.2016 година учествуваа на најголемата воена вежба организирана во Европа од 1980 година наваму, во текот на која како дел од те 31.000 припадници на Армии од 24 земји од НАТО и Партнерство за мир (ПЗМ) успешно ги извршија сите зададени задачи и стекнаа нови искуства.

„Анаконда-16“ - можност за демонстрирање на обученоста и вештините на припадниците на АРМ

Извршување на задачите кои произлегуваат од дадената мисија преку широк опсег на најразлични активности на меѓународната вежба „Анаконда -16“, е одлична можност за демонстрирање на обученоста и владеење со потребните вештини на припадниците на единиците на Армијата на Република Македонија.

Преку ситуациони вежби припадниците на АРМ во подготовка за големите воени игри на „Анаконда-16“

Единиците на Армијата на Република Македонија преку обученоста и искуството кое го поседуваат 157 учесници кои учествуваат на меѓународната вежба „Анаконда-16“ секојдневно ја презентираат компатибилноста со процедурите и стандардите кои ги користат НАТО партнерските армии.

Единиците на АРМ рамноправно во извршување на колективните задачи на вежбата „Анаконда-16“

Единиците на Армијата на Република Македонија кои учествуваат на меѓународната вежба „Анаконда-16“ согласно доделените задачи во склоп на заедничките активности со останатите контингенти од денешниот ден ги почнаа активностите на локациите каде се разместени.

Започнуваат активностите на меѓународната вежба „Анаконда 2016“

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои пред неколку денови заминаа во Полска, денес заедно со 31.000 припадници на Армиите од уште 23 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ), со денешното учество на свеченото отворање на меѓународната вежба „Анаконда-16“ ги започнуваат активностите кои ќе се интензивираат од утрешниот ден и ќе траат до 17ти Јуни.

Соопштение за медиумите

Единиците на АРМ го започнаа учеството на големата меѓународна вежба „Анаконда 2016“

Со денешната свечена церемонија во националниот одбранбен универзитет во Варшава, Република Полска и на местата каде се стационирани единиците, официјално се означи почетокот на меѓународната вежба „Анаконда-16“ која е меѓу најголемите вежби организирани во Европа во последните неколку децении, со учество на 31.000 војници од сите видови и родови на Армиите на земјите од НАТО и ПЗМ.

Учество на единици на АРМ на меѓународната вежба „Анаконда 2016“

Армијата на Република Македонија со 157 свои припадници во текот на вчерашниот и денешниот ден заминуваат за Република Полска каде во време од 07 до 17ти Јуни ќе учествува на меѓународната вежба „Анаконда-16“.